Свет
Во Јордан судири помеѓу демонстрантите и приврзаниците на власта
Осум луѓе се повредени денеска во Аман, главниот град на Јордан, каде во текот на антивладините демонстрации избија судири помеѓу приврзаниците на владата и нејзините опоненти.Протестите влегоа во седмиот ден, и на нив Јорданците, инспирирани од народните востаници во Тунис и Египет, бараат повеќе слобода во донесувањето на политичките одлуки како и пониски цени на храната.На демонстрациите во Аман излегле повеќе од 2.000 луѓе, а меѓу нив имало и тврдокорни левичари, муслимански конзервативци и студенти, пренесува Бета.Дел од нивните барања се и намалување на кралските овластувања во оваа апсолутна монархија, како и можноста министрите да бидат избирани.Студентите, припадници на движењето „Џајин“, што на арапски значи „доаѓам“, ги извикувале паролите: „Сакаме уставни реформи, сакаме потполна промена на политиката“.Јорданскиот крал како апсолутен монарх на владата со помош на декрет може кога сака да го распушти парламентот и да поставува и менува министри.Со демонстрантите се судрија повеќе од 200 владини приврзаници. /крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

