Свет
НАТО најостро го осуди сириското уривање на турскиот авион

Советот на НАТО во вторникот најостро го осуди соборувањето на турскиот борбен авион од страна на сириската противвоздушна одбрана оценувајќи дека тоа е уште еден пример за сириското непочитување на меѓународните норми.
„Сметаме дека тој акт е неприфатлив и најостро го осудуваме. Тоа е уште еден пример дека сириските власти не ги почитуваат меѓународните норми, мирот, безбедноста и човечкиот живот“, се наведува во соопштението на НАТО.
Севорнатлантскиот совет се состана по барање на Турција и одржа консултации според членот 4 од Вашингтонскиот договор според кој „земјите членки ќе се консултираат кога, според мислењето ма која и да е од нив, е загрозена територијалниот суверенитет, политичката независност или безбедност на која и да е членки“, се вели до соопштението на Северноатлантскиот совет.
Сириската армија соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана во петокот го урнала турскиот воен авион над сириските територијални води, додека летал ниско на сто метри височина и на еден километар оддалеченост од сирискиот брег.
Турција покрај острата реакција и објаснувањето дека „RF-4E Phantom“ кој на 22-ри јуни полета од воздухопловната база Ерхач во југоисточната провинција Малатија, по половина час исчезна од радарите при надлетувањето на Средоземното Море, блиску до југоисточната покраина Хатај на границата со Сирија, можеби и несакајќи ја минал границата, а додаде дека сириските сили отвориле оган и врз уште еден турски авион кој бил испратен во потрага по исчезнатите двајца пилота на соборениот воздухоплов, остро осудувајќи го .таквото однесување на официјален Дамаск. Меѓутоа, додаде дека сириските и турските сили заеднички учествуваат во потрагата на двајцата исчезнати пилота./крај/мф/нс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.