Свет
Попис: Во Индија живеат 1, 2 милијарди луѓе

Во Индија живеат околу 1,21 милијарди луѓе односно 17 отсто од светската популација, покажа новиот попис во оваа земја, чии резултати се соопштени денеска.
Во Индија живеат околу 1,21 милијарди луѓе односно 17 отсто од светската популација, покажа новиот попис во оваа земја, чии резултати се соопштени денеска.Населението во Индија во текот на минатата деценија се зголемило за 181 милиони луѓе, што е приближно до очекуваното, рекол шефот на попишувачката служба, C. Сандраумали.Според неговите зборови, има зголемување од 17,6 отсто во однос на резултатите од пописот од 2001 година, но е помалку од зголемувањето од последната деценија на минатиот милениум, кога зголемувањето на населението изнесувало 21,5 отсто.Пописот покажува дека се продолжува фаворизирањето на момчињата во однос на девојчињата.Во Индија убивањето на девојчињата по раѓањето е и понатаму обичај, па владата во Њу Делхи им забрани на болниците да го откриваат полот на неродените деца на нивните фамилии./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украинска делегација во САД се сретна со произведувачите на ракетите „томахавк“

Украинска делегација предводена од шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак е во посета на САД, каде што се сретна со претставници на компанијата „Рејтион“ (Raytheon), производител на ракетите „томахавк“ (Tomahawk), чие набавување Киев долго го посакува. Делегацијата ја сочинуваат и премиерката Јулија Свириденко, секретарот на Советот за безбедност, Рустем Умеров, заменик-министерот за надворешни работи, Серхиј Кислиција, и амбасадорката во САД, Олга Стефанишина.
Покрај „Рејтион“, тие остварија средба и со „Локид Мартин“ (Lockheed Martin).
Together with Prime Minister @Svyrydenko_Y, NSDC Secretary @rustem_umerov, First Deputy Foreign Minister @SergiyKyslytsya, and our Ambassador to the US @StefanishynaO,
we met with Lockheed Martin and Raytheon. Their tech is saving lives: F-16s and advanced air defense systems are… pic.twitter.com/kfmg5TzgmH— Andriy Yermak (@AndriyYermak) October 15, 2025
„Нивната технологија спасува животи – „ф-16“ и системите за противвоздушна одбрана го штитат украинското небо, а нивните офанзивни решенија ги поддржуваат нашите сили на фронтот“, изјави Јермак.
Прашањето за испорака на ракетите „томахавк“ се очекува да биде тема на средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски оваа недела. НАТО-извори сметаат дека ова оружје може да има значително влијание на бојното поле иако не е пресудно за текот на војната.
Свет
Лондон в година ќе добие такси без возачи

Американската компанија „Вејмо“ објави дека нејзините такси без возачи ќе бидат достапни на улиците на Лондон в година, што ќе го направи британскиот главен град првиот европски град со целосно автономна такси-услуга, пишува „Гардијан“.
Според соопштението на компанијата, возилата првично ќе работат со обучени возачи за безбедност, а целосно автономното возење се очекува да почне во 2026 година по добивањето на потребните дозволи од надлежните британски власти.
„Вејмо“, дел од групацијата „Алфабет“, која е сопственик и на „Гугл“, моментно нуди автономни такси-услуги во Сан Франциско и во неколку други американски градови. Компанијата наведува дека ќе соработува тесно со британското Министерство за транспорт за да обезбеди услови за безбедно воведување на технологијата.
Британската министерка за транспорт Хајди Александар ги поздрави плановите на американската компанија истакнувајќи дека „автономните возила ќе придонесат за нови работни места, инвестиции и поголема достапност на транспортот“.
Целосна имплементација на Законот за автономните возила во Велика Британија се очекува кон крајот на 2027 година, а слични проекти за Лондон најавија и „Убер“ и локалната компанија „Вејв“.
Фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху: Хамас ќе очекува пекол ако не го положи оружјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас ќе се соочи со пекол доколку не се согласи да го положи оружјето.
„Се согласуваме да му дадеме шанса на мирот“, рече Нетанјаху за „Си-би-ес њуз“.
На прашањето што би значело крај на војната во Газа, тој одговори: „Во предвидлива иднина, не само за Израел туку и за слободниот и цивилизиран свет, неопходно е да се задржи способноста за одбрана бидејќи слободата не е трајна, ниту автоматска“.
„Ако не можете да ги браните слободните општества, тие ќе бидат надвладеани од авторитарни или тоталитарни режими“, додаде тој.
Нетанјаху зборуваше и за Трамп и за заштитата на еврејската држава повторувајќи една од неговите мисли: „Начинот на кој се постигнува мир е преку сила“.
Откога Трамп во понеделник во Кнесетот изјави дека Нетанјаху не е најлесен за договор, израелскиот премиер возврати: „Многу сум цврст кога станува збор за иднината на мојата земја“.
„Кога верувам дека она што се бара од мене е исправно, велам ‘да’, а кога мислам дека треба да кажам ‘не’, тогаш велам ‘не’. Тоа е мојата работа – да ја заштитам еврејската држава и да ја обезбедам иднината на еврејскиот народ“, изјави Нетанјаху.