Свет
Арапската лига ги враќа набљудувачите во Сирија
Арапската лига повторно ќе ја испрати својата набљудувачка мисија во Сирија каде според тамошната опозиција војската во средата го гранатира градот Хомс кој се смета за еден од центрите на бунтот против претседателот Башар ал-Асад
Арапската лига повторно ќе ја испрати својата набљудувачка мисија во Сирија каде според тамошната опозиција војската во средата го гранатира градот Хомс кој се смета за еден од центрите на бунтот против претседателот Башар ал-Асад кој на Русија и’ вети прекинување на насилствата, во кои загинале 50 луѓе.Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун потврди дека челникот на Арапската лига, Набил Алараби му соопштил дека организацијата има намера да ги испрати своите набљудувачи во Сирија, и побарал соработка од ОН во оваа нова мисија, пренeсува AFP. „Предложи заедничка мисија во Сирија, со заеднички специјален претставник“, додал Ки-Мун и прецизирал дека тоа прашање следните денови ќе биде изложено пред Советот за безбедност на ОН.Руско-кинеското вето на резолуцијата за ситуацијата во Сирија генералниот секретар на ОН го оценил како „катастрофален“ за сирискиот народ дополнувајќи дека ветото го поддржува Дамаск во заострувањето на војната против сопствениот народ. Според западните медиуми коишто се повикуваат на сириските активисти за човекови права коишто ги добиваат информациите од теренот од припадници на опозицијата сириската регуларна војска веќе петти ден го бомбардира градот Хомс, каде во прекин биле телекомуникациите и снабдувањето со електрична енергија, уништени бил добар дел од инфраструктурата и се чувствувал недостиг од храна.Наспроти тоа сириската државна агенција SANA тврди дека „терористичките грипи“ коишто ги сочинуваат дезертирани војници кои преминале на страната на опозицијата гранатираат владини и цивилни објекти во градот Хомс и другите градови во истоимената централна провинција, како и дека снабдувањето со основните намирници е редовно. Според сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, во средата и четвртокот низ целата земја загинале 19 луѓе, меѓу кои има и жени и деца./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

