Економија
Еуростандард банка со дополнителни акции во Македонска берза АД
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и даде претходна согласност на Еуростандард банка АД Скопје да купи 216 обични акции на Македонска берза АД, што е 7,74 проценти од компанијата.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и даде претходна согласност на Еуростандард банка АД Скопје да купи 216 обични акции на Македонска берза АД, што е 7,74 проценти од компанијата.Еуростандард банка АД Скопје, со акциите што ќе ги стекне врз основа на барањето за добивање на согласност за квалификувано учество и со акциите што претходно ги поседува со поврзаните Поштенска банка АД Скопје и Поштел Брокер АД Скопје, ќе има вкупно 414 обични акции со право на глас на Македонска берза АД Скопје, односно 14,38 проценти од обичните акции со право на глас на издавачот. Трансакцијата за стекнување на акциите до овој праг треба да се изврши во рок од 90 календарски дена од добиената претходна согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. КХВ истовремено на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје му ја одобри третата емисија на акции по пат на приватна понуда. Се издаваат нови 15.300 обични акции, со вкупен износ од 153 илјади евра. Третата емисија е наменета за познати купувачи од кои еден постојан акционер на ДУИФ-от како институционален инвеститор и еден нов инвеститор кој е физичко лице. Зголемувањето на основната главнина на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје е заради создавање реални услови за адекватност на капиталот./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

