Економија
Берзата со најнизок промет во ноември
Македонската берза за хартии од вредност во среда оствари најнизок промет од почетокот на ноември во износ од 8.157.580.16 денари
Македонската берза за хартии од вредност во среда оствари најнизок промет од почетокот на ноември во износ од 8.157.580.16 денари.
МБИ-10 оствари пад од 0,41%, а вредноста ја спушти на 3.438,06 индексни поени, и сега е намален за 12,35% во однос на врвот за тековната година кој беше постигнат на 15.10.2009 год. и изнесуваше 3.922,29 индексни поени. Сегашното ниво на МБИ10 е за 115% повисоко од минимумот за 2009 година кој се постави на 10.03.2009 година, а изнесуваше 1.598,50 индексни поени.
МБИД оствари пад од 1,17% при вредност од 3.523,69 индексни поени. Сегашното ниво на МБИД е за 10,7% помало од максимумот за оваа година кога изнесуваше 3.944,13 индексни поени, а повисок за околу 85% од минимумот за оваа година кога изнесуваше 1.910,16 индексни поени.
ОМБ оствари незначителен пораст од 0,05% позиционирајќи се на ниво од 106,77 индексни поени.
Комерцијална Банка Скопје со промет од 2.909.400,00 денари се искачи на првата позиција според ликвидност на официјалниот пазар. Нејзиниот пад изнесуваше 1,11%, а беше постигната просечна цена од 3.455,34 денари. Истргувани беа 842 акции, додека ценовниот распон се движеше од 3.450,00 денари до 3.490,00 денари. Сегашната просечна цена е за околу 8,8% пониска од највисоката просечна цена за оваа година која беше остварена на 20.10.2009 година, а изнесуваше 3.778,95 денари.
Втора според ликвидност од официјалниот Пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 1.304.500,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.849,78 денари, а остварен беше благ пад од 0,60%. Истргувани беа 223 акции кои се реализираа преку 19 трансакции.
Иако со многу послаб промет од 590.750,00 денари, на третата позиција се издвои акцијата на Топлификација Скопје. Просечната цена од 6.218,42 денари забележа благ пораст од 0,59% на дневни ниво. Истргувани беа вкупно 95 акции.Од редовниот пазар убедливо најтргувана беше Македонски Телеком Скопје со промет од 472.300,00 денари. Постигната беше просечна цена од 433,30 денари, а дневниот пад изнесуваше 0,47%. Истргувани беа вкупно 1.090 акции.
Скопски Пазар Скопје објави неревидиран биланс на успех за периодот 01.01. – 30.09.2009 година. За првите три квартали од тековната година остварена е нето добивка од 6.739.000,00 денари што претставува намалување од 59,5% во однос на минатата година кога нето добивката изнесуваше 16.649.000,00 денари. Нето добивката за третиот квартал од оваа година изнесуваше 2.380.000,00 денари и е за 75,5% помала во однос на истиот период за претходната година кога нето добивката изнесувала 9.699.000,00 денари.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална Банка Скопје2. Алкалоид Скопје3. Топлификација Скопје4. Макпетрол Скопје5. Макстил Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. УНИ Банка Скопје 9,95%2. Топлификација Скопје 0,59%3. Р.Македонија – Денационализација 04 0,35%4. Стопанска Банка Скопје 0,30%5. Р.Македонија – Денационализација 08 0,01%Хартии од вредност со најголем пад1. ИЦН – Фарм Скопје 20,00%2. Макошпед Скопје 9,67%3. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 6,60%4. Раде Кончар Скопје 3,50%5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,61%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

