Македонија
Груевски: Не сакаме ништо да одземеме, но и да не ни одземат

Има волја за решение на спорот за името со Грција, а ќе има и смелост доколку се изнајде адекватно решение кое нема да предизвика штета на двете страни. Не сакаме ништо да одземеме, но и да не ни одземат
Има волја за решение на спорот за името со Грција, а ќе има и смелост доколку се изнајде адекватно решение кое нема да предизвика штета на двете страни. Не сакаме ништо да одземеме, но и да не ни одземат.
Вака денеска одговори премерот Никола Груевски на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Имер Селмани од Нова Демократија: „Компромисот, на сите ни е јасно дека значи да се измени името, без разлика дали тоа ќе биде на билатерално или мултуилатерлано ниво. Верувам дека имате политичка волја да разговараме за тоа дали имате смелост,сите заеднички да ја да ја поделиме одговорноста за промена на името. Дали сте за компромис и дали се согласувате дека токму ова одолговлекување на ова прашање и непостигнувањето на меѓупартиски или национален консензус е само губење време? “
„Не очекувајте дека набрзина би прифатиле решение кое ќе ни направи поголема штета и ќе ни затвори еден проблем, но ќе ни отвори друг поголем проблем. Ниту купуваме време, ниту има зошто тоа да го правиме“,рече Груевски.
Прашањето за името рече тој, не е прашање од вчера туку тоа не оптоварува 20-тина години и многу Влади не успеале да го решат.
„Во однос на тоа дали со ова доживуваме загуби, зависи како гледате на работите. Ако се гледаат од една страна, тогаш тоа е загуба, но ако гледаме од друга страна всушност е спречување на една поголема штета. Ако се оди на тоа да се прифати се по која било цена, тогаш се соочуваме со штета на државата, вклучително и на македонскиот народ“, рече Груевски.
Селмани рече дека неопходно е да се реши спорот со името во спротивно Македонија ќе се соочува со загуби „И тоа нема да биде загуба само на оваа Влада, туку на 2 милиона граѓани. За да се постигне компромис, треба да постои волја“, рече Селмани. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Рекордни 20 милиони евра директна поддршка за македонскиот спорт, 500 стипендии за млади талентирани спортисти, развој на спортската инфраструктура“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„По седум години целосно запоставен, спортот се враќа во приоритетите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Не беше лесно да се санира целата штета и пустош кој СДС го оставија во македонскиот спорт, но со многу труд и посветена работа, за една година се поставија и почнаа да се градат темелите и во спортот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За подобрување на условите за развој на спортот, Министерството за спорт отпочна и реализираше многу проекти, меѓу кои:
– Комплетно реконструирана спортска сала во Радовиш;
– Изградена нова атлетска патека во Гевгелија;
– Реконструирана спортска сала во Ново Село;
– Изградба на нова спортска сала во склоп на Воената Академија во општина Аеродром во Скопје;
– Реконструирани 15 мултифункционални игралишта во повеќе градови во државата.
– Отпочната комплетна реконструкција на спортската сала „Расадник“ во Скопје (реконструкцијата е во тек и треба да биде комплетно завршена во октомври годинава).
Со цел подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво и создавање услови секое дете да може да спортува и да има пристап до спортски содржини, фокусот се стави во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура.
Токму затоа, за една година изградени се 15 спортски центри низ цела Македонија, како во Кавадарци, спортски центар во Средното техничко училиште, во Неготино и Прилеп фудбалски терен и голема трибина.
Во Тетово се изгради спортски центар во Медицинското училиште „Никола Стеин“, две монтажни трибини со сертификат за меѓународни натпревари на игралиштето на ФК Тетекс, како и мултифункционално игралиште Ајдучко Маало.
Се градеше и во Брвеница, спортски центар со фудбалски терен, голема трибина и кошаркарско игралиште, во Кочани фудбалски терен и голема трибина, во Кратово фудбалски терен, голема трибина, одбојкарско игралиште и фитнес зона.
Спортски центар во склоп на поранешниот Дом на АРМ се изгради во Кичево, спортски центар со фудбалско, кошаркарско игралиште и фитнес зона во Свети Николе и во Пониква се реконструираше спортскиот комплекс во полициското одморалиште.
Додека во Скопје во Општина Гази Баба се изгради монтажна трибина со сертификат за меѓународни натпревари во склоп на Академијата Вардар, во Општина Центар фудбалски терен со трибина, кошаркарско игралиште, детско игралиште и фитнес зона, а во Општина Кисела Вода, повеќенаменски спортски терен со голема трибина.
Се откочи проектот за изградба на пет базени, од кои два во Скопје, во Кисела Вода и Ѓорче Петров, и по еден во Кичево, Битола и Штип кои во рок од 11 месеци ќе бидат завршени и до крајот на летото пуштени во употреба.
Директно од Владата беше поддржан македонскиот спорт со рекордни 20 милиони евра, средства кои беа исплатени директно на спортистите и на спортските субјекти.
Се доделија национални признанија на 22 врвни македонски спортисти од екипните спортови и 500 стипендии „Спортска надеж“ наменети за млади талентирани спортисти“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти, за нив може ЕУ за граѓаните не

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се ‘бореле со Бугарите’, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина „Мугра на слободата“ во Крушево.
Тој појасни дека проблемот не е дали некој има бугарски пасош, туку лицемерието.
„И не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот и дека ќе се бориш против ‘бугарски диктат’, а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други бизнис интереси. За нив може ЕУ, а за другите не може“, истакна Филипче.
„За прв пат Европската Унија јасно кажува дека во Македонија се спроведува авторитарен режим. За прв пат без никаква обланда Европската Унија укажува на сериозното зголемување на сериозната и висока корупција во Владата и во нејзните високи органи на Владата. За прв пат јасно ни се укажува на селективната правда, на нарачаните обвиненија и пресуди. Јасно ни се укажува дека Европската Унија има сериозни сомнежи за тоа како се води процесот за трагедијата во Кочани. И ова е поразително“, порача претседателот на СДСМ, Филипче.
Македонија
Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број запишани студенти, за студии по здравство и социјална заштита се определиле 13.371 лице, од кои дури 10.011 жени, а 3.360 мажи. Понатаму, втори по интерес се студиите за бизнис, администрација и право – 10.839, по што следат Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со запишани 8.875 студенти.
Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 отсто се запишале на приватните високообразовни установи, соопшти Државниот завод за статистика.