Македонија
Завршува пријавувањето за средните училишта
Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија денеска завршува, прелиминарните резултати се очекуваат утре
Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија денеска завршува, прелиминарните резултати се очекуваат утре.
Вкупно 19 302 слободни места има за во второто пријавување во првиот уписен рок во Македонија. На македонски наставен јазик има 10 391 слободно место, на наставен албански јазик има 8083 слободни места, за наставата на турски јазик има 693 слободни места, како и 135 слободни места за повторувачите.
Во Град Скопје, има 5113 слободни места. За наставата на македонски јазик има 1962 слободни места, 2822 а албански наставен јазик, додека 214 слободни места има за турски наставен јазик. За повторувачите има 115 слободни места.
За гимназиско образование има 5412 слободни места во Македонија, од кои 1143 во Скопје.
Во стручното образование во Македонија има 13 890 слободни места. Во Скопје за стручното образование во второто пријавување во првиот уписен рок има 3970 слободни места.
По првото пријавување во првиот уписен рок уписот е завршен во: СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОУ „Јане Сандански“ –Битола, СУГС „Орце Николов“ –Скопје, СУГС „Никола Карев“ – Скопје, СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје (македонски наставен јазик), СУГС „Ѓорѓи Димитров“ – Скопје (гимназиско образование), СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

