Македонија
Прекината штотуку почнатата седница за предлог законот за бранители
Со низа процедурални забелешки на пратениците на ДУИ и ДПА почна, па беше прекината седницата на Собраниската комисија за труд и социјална политика, на чиј дневен ред е предлог-законот за посебните права на бранителите.
Откако со три наспроти седум гласови не помина нивото барање за повлекување на предложениот закон што го оценуваат како антиуставен, дискриминирачки и спротивен на Охридскиот рамковен договор, пратеникот на ДПА Беким Фазлиу, побара 15 минутна пауза со цел да се провери дали е испочитуван Деловникот за работа на Собранието при предложувањето на закон.
„Законот е доставен до Собранието на 17 август, а на 23 август е поделен на пратениците. Со тоа се повредува чл. 137 од Деловникот што предвидува рокот меѓу поднесувањето на законот и неговото стигнување до пратениците да не биде повеќе од три дена“, рече Фазлиу.
Ваквото барање на пратеникот од ДПА беше прифатено, по што беше дадена 15 минутна пауза.
Предлог-законот предвидува голем број поволности за припадниците на безбедносните сили како и нивните семејства, како што се бесплатно здравство и образование, еднократна парична помош за семејствата на загинатите и инвалидизирани лица во воените дејствија, како и семејни пензии, субвенционирање на станбени кредити и други социјални бенефиции./крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

