Македонија
Пристигнаа уште пет автобуси од Украина
Пет автобуси од украинскиот производител „Лаз“ наменети за градскиот превоз, пристигнаа утрово во Скопје
Автобусите, кои заедно со автобусот кој пристигна на крајот од минатата година, ќе бидат пуштени во сообраќај во следниве денови, откако ќе завршат царинските процедури и процесот на хомологација. Останатите девет автобуси од Украина треба да пристигнат на почетокот на следната недела.Автобусите се нископодни, имаат 30 седишта, два безбедносни излеза и електронска рампа за лица со посебни потреби. Автобусите се составени претежно од германски делови и ќе бидат во црвена боја. Според договорот што го потпиша Министерството за транспорт и врски со украинскиот производител, „ЛАЗ“ треба да бидат испорачани вкупно 84 автобуси, од кои само четири ќе бидат дупли. Вкупната сума на инвестицијата изнесува 11 милиони евра.Директорот на ЈСП Мишо Николов на денешната прес конференција најави дека согласно тендерската постапка во текот на годината ќе треба да пристигнат и останатите 69 автобуси од Украинскиот производител ЛАЗ, додека испораката на кинеските автобуси треба да започне во октомври, а во март се очекува да стигне и првиот примерок од кинеската фабрика „Јутонг“.ЈСП и Републичката комисија за труд и социјална политика на ВМРО ДПМНЕ организираат хуманитарна акција со посета на Охрид следниот викенд за 15 деца со хендикеп кои живеат во 10 згрижувачи семејства во селото Манастирец во близина на Македонски Брод,„ЈСП е претпријатие со лош имиџ во нашиот главен град. Претпријатие кое има стари автобуси и автобуси кои не ги исполнуваат потребите на граѓаните. Во тек е процесот на обнова на возниот парк, меѓутоа само тоа не значи подобрување на имиџот на ЈСП. Главна идеја е тој имиџ да го подобриме, со нов возен парк нови автобуски постројки и преку зголемување на општествената одговорност“ – рече Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента, наизменично
Во 17.35 сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента наизменично, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрани за движење на товарни возила на неколку патни правци
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
· Дебар – Маврово
· Охрид – Кичево (Пресека)
· Кичево – Гостивар (Стража)
· Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
· Битола – Ресен (Ѓавато)
Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.