Македонија
Ердоган пред Ахмети ја потврди поддршката за Македонија
Вчера доцна попладнето лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети имаше работна средба со премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кој е во официјална посета на Република Македонија
Вчера доцна попладнето лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети имаше работна средба со премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кој е во официјална посета на Република Македонија. Како што информираат од партиската служба за односи со јавноста, средбата се довивала во пријателска атмосфера меѓу двајцата соговорници, кои го изразиле задоволството од нивната повторна меѓусебна средба.Притоа, претседателот на владејачката ДУИ, му се заблагодарил на турскиот премиер за за целокупната поддршка што Република Турција ја дава во интегративните процеси на Република Македонија, како и за успешната економска соработка меѓу двете земји. Ахмети, исто така, го информирал Ердоган за најзначајните политички прашања во земјава, вклучително и меѓуетничките односи, имплементацијата на Рамковниот и прашањето со името. „Ахмети ја оцени високо значајната улога на Турција во регионот на северозападен Балкан и го покани премиерот на Турција да влијае врз зајакнувањето на економските односи, повикувајќи ги турските бизнисмени да реализираат директни инвестиции во слободната економска зона во Тетово со многу поволни услови“, се наведува ви писмената изјава на ДУИ, дадена по редбата на Ахмети и Ердоган. Од своја страна, како што се додава во соопштението, турскиот премиер Ердоган му се заблагодарил на лидерот на ДУИ за долгогодишното пријателство „велејќи дека неговото ’второ јас’ во Македониа е персонифицирано во Али Ахмети и ги повика сите да се обединат околу Ахмети за да ги реализираат нивните права – ’затоа што заедно сме посилни“.Премиерот Ердоган рече „ние сме пријатели, и повеќе од пријатели, ние сме браќа, Али Ахмети е мојот брат. Вашите проблеми се и наши проблеми”, се нагласува во соопштението на ДУИ. На крајот, премиерот Ердоган, го повторил цврстиот став дека Турција безрезервно ги поддржува аспирациите на Македонија за членство во НАТО. Првиот човек на турската влада ја истакнал подготвеноста на турските бизнисмени да инвестираат во Македонија. /крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.
Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Македонија
Сè повеќе случаи со лажни сообраќајки, охридската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
„Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на животот
Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром.
„Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, зелени површини и подобра инфраструктура“, рече Митески.
Тој додаде дека Аеродром ќе биде општина за сите аеродромци – без разлика на партија, верување или припадност.

