Македонија
Македонија е единствената земја условена од ОН

Истакна, меѓу другото, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик
Македонија е единствена земја на која на некој начин и е побарано да исполни дополнителен услов од она што е вообичаено за секоја земја – членка на Обединетите нации(ОН).Ова, говорејќи за проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија, во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов.„Немањето на искуство, немањето на таков преседан претходно, ја прави оваа ситуација да биде она како што беше досега, да се оди чекор по чекор, да се откриваат детали, едноставно да се создава амбиент за да се најде решение што ќе биде взаемно”, рече Иванов, не исклучувајќи ја можноста Грција да стави ново вето за Македонија.Говорејќи за очекувањата од парламентарните избори во Грција, Иванов рече дека секогаш постои надеж за создавање на некоја попозитивна атмосфера.Се надеваме дека ќе наидеме на партнер кој ќе ја сфати нашата потреба да го сочуваме нашиот идентитет, да го сочуваме она што нè прави препознатливи и она што сме и го има секој човек на оваа планета – правото на самоопределување и правото на самоидентификација”, рече Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со закана изнудил 1,5 милиони денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, уверувал едно лице дека против него ќе биде поведена судска постапка доколку не исплати околу 1.500.000 денари.
Познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, претставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, преку пораки го контактирал осомничениот и ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него.
Оштетеното лице, во четири наврати на различни локации во Скопје, му ги дало на осомничениот побараните парични средства.
Јавниот обвинител донесе одлука да поведе истрага за изнуда, бидејќи од преземените дејствија на осомничениот произлегува дека тој користел сериозна закана да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. За ова дело е предвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
(Фото) „Тошковски горд покрај командирот што пукаше и беше суспендиран, Ковачки се јави ли“, прашува СДСМ

„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто“, велат од СДСМ.
„Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли?
Зошто го нема да одржи некоја прес конференција, да го повика на одговорност Панче Тошковски?
Или и тој како Мицкоски се прави на Тошо?“, прашува СДСМ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир

„Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, отворено застана зад криминалните дивоградби во Чаир. Наместо да побара одговорност и да понуди решение, го гледаме Орце како гордо позира со своите коалициски партнери од ВЛЕН, со истите кои го создадоа урбанистичко дивеење во Чаир“, рече Јовица Јанковиќ, СДСМ.
„Ова е јасна политичка порака на коалициските браќа од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН дека власта нема да преземе ништо туку ќе ги штити дивоградбите во Чаир за никој да не одговара.
Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, загрозена безбедност и тотален хаос а власта не мрда со прст.
Скопските маала се претворија во бетонски џунгли. Нема место за паркирање. Децата немаат каде да играат. Граѓаните се измамени, купуваат сомнителни станови без соодветни документи, без правна сигурност.
Иста е сликата и за Кисела Вода под водство на Орце Ѓорѓиевски. Сомнителни тендерски мрежи, зеленило што исчезнува, урбанистички планови кои ги туркаат интересите на бизнис елитите.
Орце не е кандидат за доброто на граѓаните на Скопје, туку извршител на бизнис интерсите на ВМРО-ДПМНЕ.
Орце е кандидат на структурата која го создаде урбанистичкиот хаос, и во Чаир, и во Кисела Вода и во Скопје.
Затоа Орце е дел од проблемот а не дел од решението. Со Орце ништо не се менува. Глас за Орце е глас за да продолжи урбаното дивеење.
Скопје не може да издржи уште еден градоначалник кој ќе мисли само на профитот на бизнис елитата на власт, на штета на граѓаните. Овој модел, кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ мора да биде поразен на локалните избори.
Скопје е град во кој граѓаните треба да живеат а не партиска територија за богатење на поединци во власта.
Скопјани тоа не го заслужуваат. Време е за промени во Скопје, за почитување на законите и конечно да се стави крај на урбаната мафија и чиста животна средина“, изјави Јовица Јанковиќ, СДСМ.