Македонија
Познати се тимовите за реоценување на учебниците
Тимовите за повтрона евалуација на учебниците од прво до петто одделение се веќе формирани и ќе оценуваат дали книгите што биле во употреба во изминатите години содржат грешки и неправилности, рече министерот за обраование Никола Тодоров
Министерот за образование и наука Никола Тодоров во недела објави дека во тек е подготвување на тужбата што тој ја најави против тројцата рецензенти на спорниот учебник за предметот „Општество“. Притоа минситерот нагласи дека имал консултации и со Народниот правобранител, а како што рече Тодоров таа би требало да содржи и барање за надомест за настанатата штета. Министерот рече дека во текот на денот ќе има средба со тимовите што ќе ги реоценуваат учебниците од прво до петто одделение. ОВие тимови се составени од професори од педагошките факултети од Скопје, Битола, Штип и Тетово, членови на Националната комисија за учебници, наставници по предметите што ќе се оценуваат и советници од Бирото за развој на образованието. „Сите ќе треба да потпишат изјава за конфликт на интереси, односно изјава со која ќе гарантираат дека не се јавуваат ниту како автори на учебници, ниту како рецензенти ниту како автори на некои од конкурентските учебници“, рече министерот Тодоров. Тој тврди дека севкупниот процес на повторна евалуација нема да чини скапо, поточно ќе бидат надоместувани само дневните и патни трошоци на членовите на тимовите од Битола, Штип и Тетово. „Може да се случи да се најдат грешки како таа во учебникот по географија. Заради тоа е можно да има грешки и во други учебници одобрени пред подолго време, а не само тие што се издадени од Министерството за образование и наука“ додаде Тодоров. Министерот Тодоров уште еднш најави дека по негово барање ќе се врши преоценување и на учебниците од средното образование, и тоа најмногу за гимназиското образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

