Регион
Спречен Албанец да влезе во авион со огнено оружје
Албанската полиција спречи едно лице да влезе во авион носејќи со него пиштол.
Албанската полиција спречи едно лице да влезе во авион носејќи со него пиштол.
На аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, при полициска контрола кај албанскиот државјанин Луарант Дервишалиљај кој имал авионски билет за Италија е пронајден пиштол.
Полицијата го уапси осомничениот Дервишалиљај за кој се уште нема информации дали имал намера да изврши терористички акт. Полицијата утврдила дека тој имал редовни документи за влез во Италија./крај/мн/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во делови од Хрватска е прогласено црвено метео предупредување поради силниот ветер
Поради бурна Бора, со налети на места и до 130 км/ч, во делови од Хрватска е на сила црвен аларм.
Затворени се за секаков сообраќај автопати, како и суспендирани се и бројни линии на траекти.
Се очекува бората да се смири утре.
Бурните ветрови и снегот веќе неколку дена го отежнуваат сообраќајот во Хрватска, а делови од земјата се покриени со снег, а бура од урагани предизвика метеоролошки аларми.
Регион
Опасни услови на патиштата во БиХ: предупредување поради мраз, снег и силен ветер
Поради ниските температури состојбата во сообраќајот во Босна и Херцеговина е отежната, а посебно внимание треба да се посвети на голомразицата. На делниците на повисоките места, каде на места има набиен снег, се препорачува дополнителна претпазливост.
Исто така, на пониските места возачите треба да внимаваат на мостовите, вијадуктите и приодите на тунелите, каде што е можна појава на мраз.
Силните ветрови создаваат снежни наноси на неколку клучни патни делници. Овие снежни наноси дополнително го отежнуваат сообраќајот, а во моментов има силни налети на ветер во Херцеговина, што го зголемува ризикот за сите учесници во сообраќајот.
Се предупредува и на чести одрони на бројни делници, што дополнително ја зголемува опасноста по патиштата. На возачите им се препорачува да возат внимателно, да ја прилагодуваат брзината на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните предупредувања.
Регион
Брнабиќ: Логична e понудатa Србија да биде место за средба меѓу Трамп и Путин бидејќи е неутрална
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска во врска со предлогот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, Србија да биде место за средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, оцени дека е интересна понуда и дека Србија е единственото логично место за таа средба.
„Мислам дека некако ќе биде, како што рече претседателот, логично место Србија да биде место за средба, бидејќи Србија е единствената земја на европскиот континент која остана неутрална и има независна надворешна политика. Ние сме единствената земја на европскиот континент која не воведе санкции кон Руската Федерација. Од друга страна, Трамп како кандидат за претседател на САД во Србија ја уживаше најголемата поддршка во светот, не само од политичарите, туку и од народот“, изјави Ана Брнабиќ за ТВ Информер.
Таа потсети дека претседателот Вучиќ ги отфрлил понудите и сугестиите дека Србија, како земја која слободарскиот свет ја гледа и почитува како независна, на кој било начин се меша во разни теми и проблеми, но дека оваа понуда е секако логична и интересна.
Таа истакна дека верува дека оваа тема ќе се проучува во Вашингтон.
„Не гледам на која основа Швајцарија би понудила да биде место за средба на тие двајца лидери. Швајцарија е позната како неутрална земја, но сепак воведе санкции кон Русија и се приклучи на целиот пакет санкции кон Русија, а тоа беше крајно изненадувачки, а кога започна војната во Украина, таа ја изгуби неутралноста што ја имаше и го конфискуваше имотот на руските олигарси или го замрзна“, изјави Брнабиќ, пренесуваат медиумите во соседството.
„Влијанието и угледот на Србија во светот се променија неверојатно во последните 11 години, благодарение на претседателот Вучиќ. Србија повеќе не е истата земја, Србија е земја која се почитува“, рече Брнабиќ.
Зборувајќи за студентските протести кои ги блокираат факултетите, таа рече дека овие протести згаснуваат.
„Легитимно е студентите да чувствуваат дека треба да променат нешто во општеството со своите постапки, но не и дека Србија се уништува“, посочи Ана Брнабиќ.