Регион
Нема преживеани во падот на воениот хеликоптер крај Белград
Српското министерство за одбрана потврди во саботата дека нема преживеани во несреќата на воениот хеликоптер кој во петокот навечер околу 22.30 часот се урна во близина на автопатот крај аеродромот Сурчин во близина на главниот град Белград, и притоа загинале сите седум лица во операцијата за зпасување на животно загрозено петдневно бебе.
По извршениот увид утврдено е дека нема преживеани, соопштија од српското министерство за одбрана, а по вонредната седница на владата којашто започна во 11 часот најавена е и прес-конференција.
Во хеликоптерот на војската на Србија (ВС) од типот „Ми-17“ кој бил ангажиран во спасувањето на болно бебе од Нови Пазар имало седум лица, два пилота, уште двајца припадници на ВС, и уште двајца вработени од здравствениот центар во Нови Пазар, анестезиолог и доктор, кои биле во придружба на бебето.
Српската владата поради падот на хеликоптерот го прогласи 15-ти март недела за ден на жалоста, а премиерот Александар Вучиќ во текот на седницата ги замоли српските медиуми своите денешни прогрми да ги „прилагодат на трагедијата“.
Се претпоставува дека несреќата ја предизвикале лошите временски услови, а специјализираниот портал за воздухопловни несреќи Tango Six објави дека пилотите кои управувале со хеликоптерот во моментот биле најискусниот хеликоптерски екипаж во воздухопловството на Војската на Србија.
Се наведува, исто така, дека авионите на компанијата „Air Serbia“ од Цирих и Брисел поради лошата вертикална видливост биле пренасочени кон аеродромот во Темишвар во Романија, токму во времето кога хеликоптерот „Ми-17“ е приближувал кон Белград.
Воениот хеликоптер бл ангажиран во акцијата за спасување на животно загрозени бебе од Рашка, на југот од Србија, а се претпоставува дека леталото останало без гориво бодејќи долго кружел обидувајќи се да слета.
Бебето старо само пет дена во петокот попладнето од Нови Пазар го превезувало санитетско возило до болницата во Крагуевац, но останале запречени од одрон на патот недалеку од Рашка. Евакуацијата со хеликоптерот биле неопходна бидејќи бебето имало резерви од кислород само за еден час./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

