Регион
Феит: Напредокот на Албанија, модел за Косово

Големиот напредок на Албанија, интеграцијата во НАТО и европската ориентација треба да служат како модел за Косово.
Големиот напредок на Албанија, интеграцијата во НАТО и европската ориентација треба да служат како модел за Косово.
Ова во Тирана, како што јавуваат албанските медиуми, го изјави меѓународниот цивилен претставник (ИЦО) во Косово, Питер Феит, по средбата со албанскиот претседател Бамир Топи.
Феит, на средбата со шефот на албанската држава, изрази благодарност во име на Косово и косовскиот народ за постојаната поддршка што ја даде Албанија, особено во процесот на меѓународните признавање на независноста.
„Професионалните напори на вашата влада ги цениме, исклучително многу за зголемување на бројот на нови признавања“, изјави Феит, подвлекувајќи дека „едно друго поле каде Косово очекува многу од Албанија е потесната економска соработка„.
Феит, за време на посетата во Албанија, беше примен и од албанскиот премиер Сали Бериша, претседателката на албанското Собрание, Јозефина Топали и со шефот на албанската дипломатија, Илир Мета.
Шефот на меѓународната цивилна канцеларија во Косово, по средбата со премиерот Бериша изјави дека е импресиониран од промените што ги направила Албанија во последно време и како многу успешни ги оцени огромните проекти кои се остварени во земјата, а кои имаат битно влијание не само во Албанија, туку и во регионот, ставајќи акцент на изградбата на патот Драч-Кукес.
Специјалниот пратеник на ЕУ во Косово, Питер Феит и претседателката на албанскиот Парламент, Јозефина Топали, ја споделија оценката дека независноста на Косово е неповратен процес, и дека од Албанија како и од европските пријатели се вршат сите напори за зголемување на бројот на земјите кои ја признаваат новата држава.
Меѓународниот цивилен претставник во Косово Питер Фејт за време на престојот во Тирана одржа средба и со министерот за надворешни работи на Албанија, Илир Мета, на која беше дискутирано за состојбата во Косово и предизвиците со кои се соочува новата држава, за регионалната соработка и европската перспектива на Западниот Балкан. /крај/кд/бс/ем/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.