Македонија
Ескалираат состојбите во струшкo, запалена црквата во Лабуништа
Запалена е црквата „Свети Никола“ во струшкото село Лабуништа. Пожарот се случил пред половина час, а противпожарните екипи и полицијата се упатени на местото на пожарот.
Запалена е црквата „Свети Никола” во струшкото село Лабуништа. Пожарот се случил пред половина час, а противпожарните екипи и полицијата се упатени на местото на пожарот.
Според информации од охридската полиција, пожарот избил во трпезаријата на црквата, а постои опасност пожарот да се прошири и во внатрешноста.
Вечерашниот инцидент е еден во низата што се случуваат во струшко по протестите на муслиманските верници во петокот против навредливите маски на Вевчанскиот карневал.
Немилиот настан се случува само неколку часа по средбата на градоначалникот на Струга и преставници на месните заедници од селата со доминантно муслиманско население во струшко, на која, како што беше информирана јавноста се дискутирало за мерките за смирување на тензиите кои ги нарушуваат меѓуетничките односи, јавува Ohridnews.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

