Македонија
Запленети осум килограми марихуана во гаража во Охрид
Инспекторите пронашле околу осум килограми чиста опојна дрога марихуана спакувана во повеќе полиетиленски ќеси во гаража во Охрид, јавува Охридњус.
Инспекторите пронашле околу осум килограми чиста опојна дрога марихуана спакувана во повеќе полиетиленски ќеси во гаража во Охрид, јавува Охридњус.
Акцијата била изведена во моментот кога се состанале две лица, едниот од Скопје, другиот од Охрид во близина на гаражата, сопственост на едно од приведените лице.
Во текот на акцијата, едно пакување со самолеплива лента било пронајдено во патничко моторно возило марка „Пежо“ со скопски регистарски таблици, додека останатите најлон ќеси, облепени со самолеплива лента биле пронајдени во гаражата.
СВР Охрид поднесе кривични пријави против двете лица за недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Лицата кои веднаш биле приведени и се добро познати на полицијата како извршители на повеќе слични кривични дела поврзани со нелегална трговија со дрога.
Скопјанецот условно е осуден со казна од Основниот Суд во Скопје во траење од 2 години, а условно за 4 години. Против охриѓанецот, до сега биле поднесени три кривични пријави за неовластен промет со наркотични дроги./крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

