Македонија
Седница на Сојузот на Синдикатите на Македонија
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по повод Меѓународниот ден на трудот Први мај денеска ќе одржи седница на Советот и ќе промовира кампања за зачленување.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по повод Меѓународниот ден на трудот Први мај денеска ќе одржи седница на Советот и ќе промовира кампања за зачленување.
Седницата, како што е најавено ќе биде во проширен состав, а на неа се поканети гости, претставници на власта, на граѓанскиот сектор, како и на работодавачите.
Претставници од владата ќе бидат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски , министерот за здравство Бујар Османи, министерот за одбрана Зоран Коњановски, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за култура Елизабета Канческа Милевска, министерот за образование и наука Никола Тодоров и заменик министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски.
На седницата со пригоден говор ќе се обрати в.д. претседателот на ССМ Живко Митревски.
Синдикатите на централниот плоштад во Скопје денеска ќе ја промовираат кампањата на ССМ под мотото „Зачлени се и запознај го твојот синдикат“.
Празникот на трудот ќе го одбележиме работно со порака да се запознае уште еднаш членството, но и да ги повикаме сите заинтересирани да се зачленат во синдикатот“, изјави пред неколку денови В.Д претседателот на ССМ, Живко Митревски
Тој истакна дека овие активности се со цел да се воспостави единство и да се врати довербата во ССМ за да може да се постигне општ заеднички консензус за зачувување на достоинството на трудот.
„Се надевам дека сите заеднички мобилно ќе ги оствариме нашите програмски цели и задачи за заштита на автентичните интереси на работниците,“, рече Митревски.
Тој најави и активно вклучување на синдикатот во решавањето на наталожените проблеми на работниците предизвикани од светската економска криза, преку воспоставување на социјален дијалог и градење на едно релевантно социјално партнерство. /крај/ап/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.