Македонија
Православните и католиците го дочекаа Христовото воскресение
Христијанските верници го прославија најголемиот празник Велигден, а централното одбележување на овој христијански празник беше во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје.Илјадници припадници на христијанската вера со запалени свеќи го одбележаа Исусовото воскресение.
Христијанските верници го прославија најголемиот празник Велигден, а централното одбележување на овој христијански празник беше во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Илјадници припадници на христијанската вера со запалени свеќи го одбележаа Исусовото воскресение. Точно на полноќ, Архиепископот г.г. Стефан ја прогласи победата над смртта и го објави Христовото воскресение.Традиционално според христијанските обичаи верниците со кршењето на црвени јајца си честитаа Велигден, а со тоа заврши и седумнеделниот строг пост. Македонските православни верници го прославија христијанскиот празник Велигден и во црквата „Св. Петка“ во Кисела Вода во Скопје. Народот почна да доаѓа во црквата уште во десет часот и празниот простор во црквата граѓаните го искористија да купат светена вода и да запалат свеќа за здравје на своите најблиски. На дваесетина минути пред полноќ отецот Томе Велјановски, кој ја водеше литургијата во „Св. Петка“, заедно со насобраниот народ, со свеќи во рацете, три пати ја заобиколи црквата по што се огласија камбаните. Отецот Велјановски со зборовите „Христос Воскресе“ го најави дочекот на Велигден, денот на Хрисотвото распнување на што народот возврати со зборовите „навистина воскресе“. Со околу 600 верници присутни во црквата кои се кршкаа со фарбаните јајца официјално беше прекинат постот кој речиси пет недели дел од нив го следеа.Освен православните, оваа година Велигден во исто време се слави и кај католиците, па затоа и во Скопје се собраа пред Католичкиот храм „Пресвето срце Исусово“ , каде на верниците им се обрати бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојановски.„Велигден е раѓање на еден нов свет и еден нов живот. Христовото воскресение е неизмерен дар на безграничната Божја љубов кон нас луѓето.Ако вистински го живееме Велигден, тогаш и многумина преку нас ќе можат вистински да го доживеат. Да воскликнеме и ние како што воскликнува ипсалмистот, кон него погледнете и разведрете се“, беа зборовите со кои бискупот Киро Стојановски на верниците од католичката вероисповед во мисата им го честиташе Христијанскиот празник Велигден.За Велигден има многу обичаи во светот, но само еден ги обединува сите. Вапцањето на јајца е обичај кој има своја симболика. Тоа е затворено, мртво а од него излегува нов живот што го претставува Христовото воскресение од гробот.На Велигден или денот на воскресението Христово, православните христијани го слават воскреснувањето на Исус Христос на третиот ден по неговата смрт т.е првиот ден по Велики петок. Интересен факт е дека следната година повторно и православните и католичките верници заедно ќе го слават велигден но на 24-ти април а истото ќе се случи и во 2014-та година.Христос воскресна- Навистина воскресна!!! ./крај/редакција макфакс/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.

