Македонија
Бесими на обука на АРМ од американски специјалци
Во среда на Попова Шапка, министерот за одбрана, Фатмир Бесими и заменик-амбасадорот на САД во Македонија Брајан Агелер, ќе присуствуваат на заедничката обука и едукација на специјалните сили на АРМ и вооружените сили на САД (JCET).
Целта на обуката е размена на искуства помеѓу специјалните сили, подобрување на стандардите и обученоста на декларираните тимови на Полкот за специјални операции за војување во зимски услови, како и обновување на техниките и процедурите за борба во урбана средина, користејќи ги искуствата од специјалните операции во Авганистан.
Обуката меѓу армиите на Македонија и Соединетите Американски држави се реализира во периодот од 1 до 28 февруари, и тоа на две локации, првиот дел од обуката „Борба во зимски услови“ се реализира на Попова Шапка, во периодот од 4-8 февруари; и вториот дел од обуката „Индивидуална обука/ борба во урбана средина“, ќе се реализира на АП „Криволак“ од 11 до 22 февруари.
Соработката во областа на одбраната помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави се развива од 1994 година, кога беше потпишан Меморандумот за соработка во областа на одбраната, трет по ред по Меморандумите за соработка со Словенија и соТурција, додека во 2008 година потпишана беше и Декларацијата за стратешко партнерство.
Низ досегашните проекти за соработка и обука, во одбранбениот систем на Република Македонија вложени се над 128 милиони американски долари со што во голема мера се придонесе кон достигнувањето на највисоките стандарди на интероперативност.
Потврда за тоа беше и заедничката деветмесечна мисија „Феникс“ кога припадници на АРМ заедно со Националната Гарда на Вермонт спроведуваа комплексна мисија на обука и менторирање на авганистанските безбедносни сили./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

