Економија
Индексите и натаму во пораст, расте и прометот на берзата

Вкупен промет од 19.561.674,52 денари остварен е во средата на македонската берза што претставува најголем вкупен промет на дневна основа од почетокот на тековната година
Вкупен промет од 19.561.674,52 денари остварен е во средата на македонската берза што претставува најголем вкупен промет на дневна основа од почетокот на тековната годинаЗа разлика од 13.01.2010 кога беше поставен сега веќе вториот најголем промет кој изнесуваше 15.958.017,87 денари и кога учеството на тргувањето на државните обврзници во вкупниот промет изнесуваше 72,7%, при денешното тргување државните обврзници учествуваа со 21,6% во вкупниот промет. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 15.286.367,52 денари при реализирани 110 трансакции, додека на редовниот пазар беше остварен промет од 4.275.307,00 денари при реализирани 56 трансакции. Позитивна вест од македонската берзата беше и порастот на сите три индекси. Континуираниот пораст на МБИ10 продолжи и индексот се придвижи на вредност од 2.823,99 индексни поени при дневен раст од 0,81%. МБИД оствари висок пораст од 2,20%, променувајќи го опаѓачкиот тренд кој траеше два дена, а неговата вредност се искачи на ниво од 3.079,01 индексни поени. ОМБ забележа благ пораст од 0,17% позиционирајќи се на ниво од 110,60 индексни поени.Предводникот на официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 3.924.547,00 денари. Просечната вредност на акцијата од 4.803,61 денари, само малку ја покачи цената во однос на претходниот трговски ден, односно таа изнесуваше 0,08%. Ова е трето по ред покачување на просечната цена. Ценовниот распон се движеше од 4.800,00 денари до 4.870,00 денари. Истргувани беа вкупно 817 акции кои се реализираа преку 27 трансакции.Следна беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 2.343.658,00 денари. Просечната цена од 2.827,09 денари значеше умерен пораст од 0,94%. Истргувани беа вкупно 829 акции кои се реализираа преку 12 трансакции.Трета според ликвидност од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 1.819.380,00 денари. Просечната цена не го следеше генералниот тренд, и при вредност од 738,98 денари, остварено беше мало намалување од 0,05%. Истргувани беа 2.462 акции кои се реализираа преку 20 трансакции.Од редовниот пазар највисока ликвидност имаше Тутунска Банка Скопје со промет од 2.400.000,00 денари. Просечната цена од 4.800,00 денари резултираше со пораст од 1,05% на дневна основа. Истргувани беа 500 акции кои се реализираа преку 23 трансакции.По неа следеше ФЗЦ 11 Октомври Куманово, со промет од 828.708.00 денари. Просечната цена од 1.172,15 денари значеше пораст од 1,05%. Истргувани беа 707 акции од оваа компанија.Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.01.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Макпетрол Скопје – 27 обични акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид Скопје 2. Тутунска Банка Скопје 3. Комерцијална Банка Скопје4. Гранит Скопје5. Р.Македонија – Денационализација 04Хартии од вредност со најголем раст1. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 11,11%2. Стопанска Банка Скопје 6,77%3. Макстил Скопје 2,88%4. РЖ Услуги Скопје 2,74%5. Топлификација Скопје 2,52%Хартии од вредност со најголем пад1. УНИ Банка Скопје 2,08%2. Стопанска Банка Битола 0,47%3. Гранит Скопје 0,05%4. Р.Македонија – Денационализација 08 0,03%5. РЖ Услуги Скопје 0,85%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.