Свет
Туна прегазила дете и побегнала
Младата пејачка Алтуна Сеидиу – Туна, ќерка на познатиот борач Шабан Сеидиу, завчера вечерта, на раскрсницата на улиците Цветан Димов и Коста Абрашевиќ прегазила шестгодишно девојче и побегнала.
Младата пејачка Алтуна Сеидиу – Туна откако удрила во девојчето, воопшто не го сопрела автомобилот за да му помогне туку веднаш си заминала, потоа полицијата ја пронашла, ја привела и против неа ќе биде подн
Младата пејачка Алтуна Сеидиу – Туна, ќерка на познатиот борач Шабан Сеидиу, завчера вечерта, на раскрсницата на улиците Цветан Димов и Коста Абрашевиќ прегазила шестгодишно девојче и побегнала. Сообраќајката се случила во 18.45 часот, веднаш по настапот на Туна во скопската телевизија “Скај нет” каде што до 18 часот беше гостинка во емисијата “Жежок асфалт” со Здравкица Билбиловска.
Во полицискиот извештај пишува дека Туна со нејзиниот автомобил “фолксваген буба” удрила во шестгодишната С.Џ. од Скопје, која со телесни повреди е пренесена во болница и задржана на лекување.
Неофицијално дознаваме дека Туна откако удрила во девојчето, воопшто не го сопрела автомобилот за да му помогне туку веднаш си заминала. Потоа полицијата ја пронашла, ја привела и против неа ќе биде поднесена кривична пријава.
Вчера Туна не беше достапна на мобилниот за да каже што се случило. Нејзината мајка, која ја добивме на домашниот телефон, ни рече дека Туна е излезена и да ја побараме подоцна.
– Знам за сообраќајката, како не знам. Сега се вратив од болница, детето е добро и не е ништо страшно – ни рече Ајла, мајка и на Туна.
Дежурниот тим во Градска болница, исто така, ни потврди дека вчера вечерта било донесено шестгодишното девојче, дека е со скршеница на потколеницата и дека е вон животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

