Македонија
Поставено спомен-обележје во Вејце
Во близината на селото Вејце, на местото каде што пред девет години загинаа осум припадници на безбедносните сили на Република Македонија, денеска за прв пат беше поставено спомен обележје
Во близината на селото Вејце, на местото каде што пред девет години загинаа осум припадници на безбедносните сили на Република Македонија, денеска за прв пат беше поставено спомен обележје.
Семејствата на загинатите во масакрот од 2001 и членови од Здружението Достоинство со свежо цвеќе и запалени свеќи се потсетија на своите блиски и пријатели.
“Конечно успеавме да дојдеме и да положиме цвеќе и на достоинствен начин да им оддадеме почит. Овде се пролеа крвта на нашите синови за слободна и независна Македонија”, рече Живко Божиновски од Битола, кој во Вејце го загубил синот.
Претседателот на Здружението “Достоинство”, Стојанче Ангелов во Вејце бил еден ден по масакрот во 2001 година.
“Оттогаш се и фотографиите од овој настан”, рече тој.
“Храброста беше основната карактеристика на овие момци. Знаејќи дека го оставаат најмилото позади себе, надвладувајќи го стравот од непознатото, од неизвесноста и најмногу од можноста никогаш повеќе да не е ништо исто-храбро тргнаа во одбрана на нашето заедничко, на Македонија и засекогаш влегоа во листата на најголемите синови на Македонија,” се потсети Марин Најдов од Тетовскиот огранок на “Достоинство”.
Денешната посета на местото на масакрот кај Вејце од 28 април 2001 година беше прва после единствениот обид во 2003 година кога месното население го попречи одбележувањето./крај/сс/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

