Свет
Копале злато и го оштетиле Кинескиот ѕид
Кинеските власти почнаа истрага против рударската компанија Хохот Кекао Мининг, осомничена дека копајќи злато, оштетила дел од Кинескиот ѕид, официјално е објавено в среда.
Кинеските власти почнаа истрага против рударската компанија Хохот Кекао Мининг, осомничена дека копајќи злато, оштетила дел од Кинескиот ѕид, официјално е објавено в среда.
Компанијата се оглушила на петте предупредувања за прекин на работата на градилиштето во внатрешна Монголија и ископала неколку дупки во ѕидот, соопшти Ванг Дефанг, директор на управата за културно наследтво во таа област.
Кина, настојувајќи да го сочува културниот споменик, што во 2007 година беше прогласен за едно од седумте светски чуда, донесе нови прописи со кои што ѕидот го штити од оштетувања предизвикани од можни прослави, графити, недозволена градба и слично./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Во ужасниот напад врз Тернопол, Русите го убија и 7-годишното девојче од Полска
Бројот на загинати во разорниот руски ракетен напад врз станбена зграда во Тернопол на 19 ноември се искачи на 38, а меѓу жртвите е и седумгодишно девојче од Полска. Вчера, полицијата ја потврди идентификацијата на телата на две жртви кои се водеа како исчезнати, со што се заокружува трагичниот список на жртви во нападот врз овој западноукраински град, пишува „Киев Индепендент“.
Полското Министерство за надворешни работи потврди дека седумгодишната полска државјанка Амелија, која беше убиена заедно со нејзината мајка, е меѓу загинатите. Полскиот премиер Доналд Туск, исто така, оддаде почит на нејзината смрт во емотивна порака.
„Амелка имаше седум години. Седум. Полско дете“, напиша Туск на 21 ноември. „Таа почина во Тернопил за време на брутален руски ракетен напад. Таа повеќе нема да може да исполни ниту еден од своите соништа. Оваа сурова војна мора да заврши, а Русија не смее да победи. Бидејќи ова е и војна за иднината на нашите деца.“
Amelka miała siedem lat. Siedem. Polskie dziecko. Zginęła w Tarnopolu w czasie bestialskiego rosyjskiego ataku rakietowego. Nie spełni już żadnych swoich marzeń. Ta okrutna wojna musi się zakończyć, a Rosja nie może jej wygrać. Bo to jest wojna także o przyszłość naszych dzieci.
— Donald Tusk (@donaldtusk) November 21, 2025
Заврши повеќедневната спасувачка операција
Операциите за пребарување и спасување на местото на нападот завршија на 22 ноември по четиридневна континуирана работа, објави Државната служба за вонредни ситуации на Украина. За време на операцијата, 46 лица беа спасени, вклучувајќи седум деца. Спасувачите, исто така, извлекоа три домашни миленици – две мачки и еден папагал – од урнатините и ги вратија на нивните сопственици.
Претседателот Володимир Зеленски ја нагласи сложеноста на операцијата. „Повеќе од 230 спасувачи од девет региони на Украина се вклучени во операцијата. Во некои области, работата може да се изврши само рачно поради сериозни оштетувања и фрагментација на структурите“, рече Зеленски.
Размер на уништување
На 19 ноември, Русија изврши голем ноќен напад врз неколку украински региони, со цели вклучувајќи ги Тернопол, Хмелницки, Ивано-Франкивск и Лвов, области оддалечени повеќе од 500 километри од фронтовската линија. Две деветкатни згради беа оштетени во нападот врз Тернопол. Во една од нив, уништувањето се прошири од третиот до деветтиот кат. Вкупно 38 лица беа убиени во нападот, вклучувајќи шест деца, а 94 лица беа повредени, вклучувајќи 18 деца.
Свет
Куполата над Чeрнобил веќе не е безбедна: МААЕ бара итни мерки
Заштитната конструкција на напуштената нуклеарна централа Чeрнобил, оштетена од дрон, повеќе не ги исполнува своите клучни безбедносни функции, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). По проверката, генералниот директор Рафаел Гроси изјави дека куполата што послужува како омотач на реакторот мора што поскоро да биде темелно обновена.
Инспекцијата потврди дека конструкцијата ја изгубила способноста да го задржува радиоактивниот материјал, иако носивите делови и надзорните системи не се трајно оштетени. Нападот со дрон, за кој Украина ја обвинува Русија, а Москва го негира, се случи претходно годинава. Тогашните мерења не покажале покачено зрачење.
МААЕ препорачува дополнителни мерки: контрола на влажноста, ажурирање на програмите за следење на корозијата и подобрување на автоматскиот надзорен систем. Во наредната година треба да се извршат и привремени поправки за повторно да се обезбеди способност за задржување на радиоактивниот материјал.
Регион
Двојно убиство во Црна Гора, се бара сторителот
Безживотните тела на маж и жена беа пронајдени синоќа во стан во центарот на Никшиќ, а се сомнева дека станува збор за двојно убиство. Телата беа пронајдени во стан на улицата Пека Павловиќ во центарот на Никшиќ. Се бара сторителот, пишува Телеграф.рс.
„Полициските службеници на Западниот регионален безбедносен центар, Оддел за безбедност во Никшиќ, синоќа околу 19:20 часот биле известени од член на семејството дека лицето М.П. (74) не одговара на телефонски повици и дека не воспоставиле контакт со неа два дена“, се наведува во соопштението за медиумите. Како што истакнува полицијата, веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на М.П., по што полициските службеници лоцирале стан, кој бил заклучен.
„Во согласност со законските овластувања, полициските службеници влегоа во внатрешноста на станот каде што го пронајдоа безживотното тело на М.П., како и безживотното тело на М.В. (41) со видливи повреди за кои постои сомневање дека се предизвикани со употреба на ладно оружје, поточно нож. Изнајмениот стан го користел М.В.“, додаде полицијата.
„За инцидентот веднаш беше информиран обвинителот на Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој заедно со полициските службеници спроведе истрага на местото на настанот. За време на полициско-обвинителските активности, полицијата дозна за идентитетот на сторителот на ова кривично дело, и се работи интензивно на негово лоцирање и апсење“, се наведува во соопштението за медиумите.
Како што додаваат, мотивот за тешкото кривично дело им е познат на властите. „Имајќи ја предвид неговата тежина, како и приватните околности на повредените лица и сторителите, во оваа фаза од постапката не можеме да дадеме повеќе детали“, соопшти полицијата.

