Регион
Продолжува истрагата за масовна гробница во Рашка

Обвинителството за воени злосторства на Србија во средата соопшти дека продолжува истрагата за евентуално постоење на масовна гробница на локалитетот Рудница-Мајдан во општина Рашка.
Обвинителството за воени злосторства на Србија во средата соопшти дека продолжува истрагата за евентуално постоење на масовна гробница на локалитетот Рудница-Мајдан во општина Рашка.
Како што пренесе Бета, обвинителството потврдило дека им е доставен Извештај од вештачењето на просторот пред управната зграда на компанијата „Космет-пут“ но не ги објави резултатите.
Вештачењето го работеше Институтот за сообраќајници и геотехника при Градежниот факултет во Белград по наредба на истражен судија од Одделението за воени злосторства на Вишиот суд.
Наведувајќи дека истрагата продолжува во соработка Еулекс, Обвинителство соопшти дека “ одлучено е дека во името на правдата секое злосторство мора да се истражи до крај, без оглед на националната и верската припадност на жртвите“.
Агенцијата Бета во вторникот соопшти дека, според неофицијални извори, во примероците земени од тлото на кое се смета дека има масовна гробница, не се пронајдени органски материи.
Анализата е завршена на 5-ти август, а Обвинителството ги имало резултатите веќе следниот ден.
За потврдувањето дека добиените резултати се негативни, друг извор за Бета, близок на истрагата, во прашање ја доведе и локацијата на земање на примероци.
Кон средината на мај беше објавена информацијата за постоењето на сомнеж дека во општина Рашка во текот на 1998 и 1999 година е направена масовна гробница во која има околу 250 тела на косовски Албанци./крај/бета/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.
„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.
Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.
Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.
фото: фејсбук
Регион
(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.
Iznos dnevnice za kurčenje po Čačku je porastao na soma evra. Ovi više ni na svadbu u Čačak neće doći. Garant. pic.twitter.com/EyRZJFHGOg
— Grof od Kačulica (@Grof_OdKaculica) September 7, 2025
Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.
Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.
фото: принтскрин
Регион
Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите во Србија

Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, денеска имало вкупно 126.399 луѓе.
Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето.
„На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле запрени од група луѓе… Таму можело да се случат инциденти, јас лично разговарав (со организаторот на собирот) и ги замолив да ја променат рутата. Разговарав и со претседателот Александар Вучиќ. Морам да напоменам дека на регистрираниот собир биле над 4.200 луѓе, додека на ненајавениот собир имало околу 400, значи десетпати помалку. Организаторите го прифатија мојот предлог за промена на рутата, поради што им се заблагодарувам за разбирањето“, рече директорот на полицијата.