Македонија
Состојба на патиштата за петок
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално, без забрани, по суви и чисти коловози.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално, без забрани, по суви и чисти коловози.На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.Поради реконструкција на автопатот Е – 75 од Катланово до Велес со препорака за возачите кои ќе го користат овој патен правец да бидат крајно внимателни, да ја намалат брзината на возење, бидејќи на повеќе места ги очекува движење на работници и градежни машини, за што ќе има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.Интензитетот на сообраќај е зголемен на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини има зголемена фреквенција на движење, но не се бележат подолги застои и задржувања, како за влез така и за излез од државата.крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари
Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„За разлика од минатите години кога снегот беше прилика СДС да краде, сега институциите делуваат. Наспроти голата реторика на СДС и Филипче, еве ги фактите: Битолската подружница има поставено 370м3 сол и ризла, од Тетово – Стража 400м3 сол и ризла, Штип, Берово, Кочани и Делчево 300м3 сол и ризла. Згрозени сме од лешинарската политика на СДС и Венко Филипче. Тие од снежната бура прават политика, што само потврдува дека тонат во сопствената безидејност“, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, од СДСМ обвинија за лошо справување со последиците од снежните врнежи.
„Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите. Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен. Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла. Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла. Но, поради неспособноста на надлежните, сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди. Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик“, пишува во соопштението на опозициската СДСМ.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС премолчувале за криминалните активности на Груби
СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат во филмот – не сме од тука кога станувало збор за нивниот коалициски партнер ДУИ, поточно кога станувало збор за Артан Груби, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Mногу е јасно дека во СДС биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на Груби како автомобилот му го дале на заем да го вози и што уште не.
Сите се свесни дека станува збор за криминални активности. И ако тоа е толку очигледно, а и резултираше неодамна со ставање на Груби на црната листа на САД, знаеле и СДС додека беа со нив во коалиција. Цела јавност знаеше за постапките на Груби, медиумите јавуваа секојдневно, а алармиравме и ние како партија и тоа долг период.
Оттука од СДС премолчувале за криминалните активности на Груби, или едноставно кажано го дозволиле неговото криминално делување.
Очигледно, за молчењето од страна на СДС имало причина, има нешто со што Груби ги држел во раце.
Сега за почеток СДС треба да се извини на целата јавност, на сите граѓани за премолчување на овој криминал, за кражбата на народните пари.
СДС треба и да се охрабри, да ја признае својата сервилност кон ДУИ. СДС ова треба да го направи и за себе, за да прекине да биде партија на уценети политичари на кои единствено им се важни само личните и партиските интереси.
Едноставно е, јавноста треба да знае, а СДС треба да го направи првиот чекор да признае и да се извини на граѓаните“, истакна Петрушевски.
Македонија
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.
Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.
Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.