Македонија
Преглед на печат / Македонија
„Дневник“
„Новогодишен туристички пост“ е насловот на текстот во кој се вели дека од година во година, бројот на продадени туристички аранжмани за новогодишните празници надвор од земјава се преполовува. Оваа година, пишува натаму во текстот, само две илјади граѓани на Македонија уплатиле аранжман за во странство. За зголемување на бројот на аранжманите не помогнало ниту укинувањето на визите, ниту, пак, примамливите туристички аранжмани, затоа што, смета весникот, сиромаштијата била посилна од се.„Време“
Весникот пишува дека Министерството за надворешни работи не избирало средства во заканите кон сопственикот на телевизијата „А1“ и во текстот „Полициски терор врз синот на Рамковски“. Теророт, според весникот, се состои од тоа што во вторникот попладне полициско комбе со неколкумина униформирани полицајци застанало пред зградата на телевизијата „А1“, за на Рамковски помладиот, Хеди, да му достави покана, а при тоа не објасниле за што се работи. „Нова Македонија“
на „Викиликс“ се уште нема тајни телеграми од Грција, забележува весникот во текстот со наслов „Линиите Скопје-Атина-Вашингтон се прегреале пред Букурешт“. Весникот во текстот ја пренесува графичката анализа на германскиот весник „Шпигел“ кој, заедно со уште неколку светски познати весници, ги поседува тајните документи од интернет страницата. Анализата ја покажува фреквенцијата на тајните телеграми од Скопје и Атина кон Вашингтон и утврдува дека најсилна била преписката непосредно пред одржувањето на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. „Утрински весник“
„Нашата црква не дава Божик на 25 декември“ е насловот на текстот во весникот, во кој се пренесува ставот на македонските духовници за ова прашање и кој, според весникот, е зацементиран и не доаѓало предвид промена на црковниот календар. Според текстот, иако Јулијанскиот календар се применува само уште во неколку православни цркви, кај нас нема да се иницира вакво нешто, за тоа што тоа било сериозна промена која немала да мине без последици, го пренесува весникот ставот на МПЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

