Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Се надеваме дека СДСМ ќе се приклучи на прославата
Се надеваме дека СДСМ и Црвенковски ќе смогнат сили да го надминат својот концепт на негација и монополизирање и ќе се приклучат на прославата која не е ни на ВМРО, не може да биде ни на СДСМ, изјави денеска директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Се надеваме дека СДСМ и Црвенковски ќе смогнат сили да го надминат својот концепт на негација и монополизирање и ќе се приклучат на прославата која не е ни на ВМРО, не може да биде ни на СДСМ, изјави денеска директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ во овие празнични денови нема намера да се занимава со улогата на СДСМ и Бранко Црвенковски во изминатите 20 години.
„Тоа ќе го оставиме за друго време, иако свесни сме дека граѓаните доволно добро паметат кој што правеше и какви дела остави во овие изминати 20 години. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту да си дозволи да влегува во партиски препукувања и пресметки токму во моменти кога суштински е потребно да покажеме единство и сплотеност“, истакна Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што укажа тој, не може ниту да разбере, ниту да прифати дека опозицијата само заради тоа што е опозиција во моментите на прославување на овој значаен јубилеј, да не биде присутна.
„Местото на поранешниот претседател Киро Глигоров, како и на сите останати значајни функционери на државата, без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност, ќе е со особена почест на прославата. Неговото споменување од страна на Црвенковски е лош и несериозен обид за сопствено перење и оправдување“, рече Димовски, одговарајќи на обвинувањето од Црвенковски дека власта не го спомнала првиот претседател на независна Македонија.
Тезите кои денеска беа изнесени од лидерот на СДСМ, според Димовски, се целосно неточни и со крајна дневно-политичка применливост.
„Тој се обидува да го оправда своето неприсуство на одбележување на дваесет години независност, внесувајќи нови поделби. Социјалдемократскиот сојуз мора да најде сили и да ги надмине сите свои партиски интереси. Овие денови граѓаните од нас очекуваат обединување. Ајде да се угледаме на храброста и патриотизмот на кошаркарите“, истакна Димовски.
Градбите, патиштата, училиштата, музеите, спомениците, спортските сали, прославата за независност, како што рече Димовски, се на граѓаните, не на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица е потврда за криминалот вреден 800.000 евра
Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата е потврда за тоа дека станува збор за криминал вреден 800.000 евра, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако по направениот записник на Димковски, а потоа донесен и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, од СДС нема ниту осуда ниту оградување.
Напротив, тие влегоа во штитење на овој криминал на нивниот ментор Заев и учениците Филипче и Николовски.
Зошто СДС го брани овој криминал вреден близу 800.000 евра? Дали оваа пченица и јачмен преку посредници има достигнато двојна цена на црн пазар во соседна држава? Дали ова трио на Заев, Филипче и Николовски, се има добро нафатирано, а жртвеното јагне во случајот е Димковски“, прашува Манасиевски.
Итрината, додава тој, оди дотаму да по само некое време, тогашната влада мислејќи дека ќе го покријат за нив, ситниот криминал, потпишале 2 тендера за 20.000 тони јачмен и пченица.
И ова, како што оценува, СДС пробува да го штити.
„Знаеме дека во СДС останаа неколкумина во врвот кои се продолжена рака на Заев и Филипче. Се додека овие луѓе не заминат, СДС ќе има полн багаж зад себе“.
Македонија
Андоновски: Со бесплатните Wi-Fi зони и електронските уреди го надминуваме дигиталниот јаз меѓу студентите
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите.
„Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени средства. Вакви зони ќе предвидиме и во студентските домови каде што постои потреба, како и на останатите факултети и универзитети. Најмногу се фокусираме на просторот каде што се присутни најмногу студенти и професори,“ изјави Андоновски.
Министерот се осврна и на проектот за ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој што рече дека со овие два проекти се овозможува надминување на дигиталниот јаз кој што постои меѓу студентите.
Во рамки на посетата, тој се обрати и пред студентите, потенцирајќи дека државата и Владата веруваат во нивните способности и им даваат безрезервна поддршка. Тој ги охрабри студентите да ја користат секоја можност, да учат, да напредуваат и да созреваат, бидејќи „тие се иднината која треба да ја води Македонија напред“.
Македонија
СДСМ обвинува за тендерски скандал: Вториот вработен во фирмата со договори од 9 милиони евра бил поврзан со УБК и уништувањето на опремата за прислушување
На прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта продолжува со, како што рече, „криминални тендерски шеми“. Таа посочи дека вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци е Глигор Поцев.
Кузеска наведе дека Поцев бил сведок во случајот „Таргет–Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовно прислушување, како тогашен вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков. Таа нагласи дека токму фирмата во која тој сега работи склучила рамковна спогодба со Владата за софтверски лиценци за виртуелна платформа.
„Како лица кои биле дел од разузнавачки структури, поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување, денес повторно се во игра за милионски тендери за софтвери?“, праша Кузеска, додавајќи дека изборот на истите кадри од „тој период“ не може да биде случаен.
Таа оцени дека скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени на фирма со само две лица и формирана пред една година, покажува дека кај Мицкоски се применуваат „истите методи“ како во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков.
„Методите се исти – милионски тендери за фирми со сомнителна историја, целта е богатење на партијата и поединци од врвот на власта“, изјави Кузеска.
СДСМ побара институциите да спроведат истрага и да утврдат одговорност, истакнувајќи дека „овие дела не застаруваат“ и дека, како што рече, „одговорност мора да има и ќе има“.
Кузеска заклучи дека „работата сè уште не е завршена“.

