Македонија
Пливачот Стојчев по осми пат победник на Охридскиот маратон
Пливачот Петар Стојчев од Бугарија по осми пат денеска победи на Охридскиот пливачки маратон
Пливачот Петар Стојчев од Бугарија по осми пат денеска победи на Охридскиот пливачки маратон.
Препливувајќи ја 30-километарската патека Свети Наум – Охрид за 5 часа 25 минути 38 секунди и 26 стотинки, Стојчев е победник и на 23-тото издание на најголемата спортска манифестација во земјава, објави телевизија А1.
Само 24 стотинки зад Стојчев заостана Германецот Александар Студжински.
Трет до целта пристигна Дамјан Блаум од Аргентина. Од македонските пливачи најдобар беше Томи Стефаноски кој со време од 5 часа, 33 минути, 37 секунди и 44 стотинки беше седми во вкупниот пласман.
Второ пласиран Македонец е Евгениј Поп Ацев. Од девојките прва на целта пристигна Камила Фредјани од Италија, која патеката од Свети Наум до Охрид ја преплива за 5 часа, 50 минути 37 секунди и 26 стотинки. Веднаш по неа на целта со само 10 секунди и 29 стотинки доцнење пристигна Аргентинката Гејо Пилар.
Маратонците ги пречека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на спортската манифестација./крај/а1/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)