Економија
Македонската индустрија за автомобилски делови на саем во Штутгарт
Македонската индустрија за автомобилски делови по втор пат го претстави својот капацитет на европскиот саем за автомобилски делови (EAC) во Штутгарт, Германија
На павилјонот за “македонски автомобилски делови” беше застапен кластерот на автомобилската индустрија од Македонија, кој претстави вкупно 25 локални компании. Четири македонски производители на автомобилски делови, ТЦГ Леарница, РУЕН ИТ, Те-ТЕ Пласт и EIN SOF, директно ги презентираа своите производи и услуги пред потенцијалните купувачи. “Проектот на УСАИД за конкурентност и’ помага на Македонија да стане поконкурентна во глобалната економија. Ние го поддржуваме учеството на македонските производители на автомобилски делови на меѓународните саеми, како што е Саемот ЕAC во Штутгард. Преку оваа активност ние ги поддржуваме македонските компании да добијат пристап до европскиот синџир на набавка на автомобилски делови”, вели Дејан Јаневски, менаџер на портфолиото во овој сектор во УСАИД Проектот за конкурентност. “Учеството на саемот EAC минатата година се покажа доста корисно за компаниите кои изложуваа и за кластерот за автомобилски делови од Македонија. Оттаму, важен е континуитетот во учеството на овие саеми за успешно промовирање на македонската индустрија за автомобилски делови на глобалните пазари. На овој начин, исто така се градат капацитетите на компаниите членки на кластерот за автомобилски делови во Македонија и се придонесува кон целосниот развој на оваа индустрија”, вели Владимир Тевдов, директор на кластерот за автомобилски делови од Македонија. EAC претставува меѓународен саем на производители на оригинална опрема (OEM), добавувачи на автомобилски делови од Tier 1 и 2 со силен акцент на претставувањето на нови добавувачи од разни делови на светот. Саемот претставува можност за добавувачите кои не се добро познати во европската автомобилска индустрија да ги претстават своите производствени капацитети. Проектот за конкурентност тесно соработува со македонските компании од текстилната и лесната индустрија и секторот на информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) за да им помогне да идентификуваат купувачи и да ја исполнат нивната конкретна побарувачка. Проектот го поддржува учеството на компаниите на трговски саеми и B2B настани, ја подобрува продуктивноста, помага во усвојувањето на меѓународните стандарди, и го олеснува пристапот до нови финансии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

