Свет
Убиени тројца можни атентатори врз боливискиот претседател Моралес
Вчера боливиската полиција спречи обид на за атентат на претеседателот Моралес, прио што беа убиени тројца напаѓачи. Новинските агенции јавуваат дека меѓу осомничените се лица од Унгарија, Ирска и Хрватска
Боливиската полиција соопштила дека во центарот на градот Санта Круз, каде е најголем отпорот против претседателот Ево Моралес, се обидела да уапси сомничено лице за учество во обидот за атентат од четвртокот. Притоа дошло до голема престрелка а атентаторите активирале и рачна граната во хотелот каде што требало да бидат успасени. Убиените во престрелката со полицијата се идентификувани како Унгарец, Ирец и Боливиец.„Вториот Унгарец бил уапсен заедно со боливиски пензиониран војник кој учествувал во војните во поранешна Југославија по 1990 г“, изјавил боливискиот јавени обвинител Хорхе Гутиерез.Во рација во паркот до хотелот акде се случила престрелката, полицијата во тајно засолниште нашла поголемо количество експлозив, снајперски пушки со голем калибар и мапа за која се смета дека е рутата по која се движи претседателската колона.Во соопштението од кабинетот на престеадтелот Моралес стоело и дека меѓу осомничените има и маж со хрватско, романско или со ирско потекло, како и припадници на боливиската крајна десница. Таа група се’ уште била активна а полицијата најавила дека е на нејзината трага. Боливиската полиција изјавила дека истата група е одговорна за неуспешниот обид за напад со експлозив изведен во Саната Круз врз куќата на католичкито кардинал Хулио Теразаса во средата. Но медиумите го поставуваат прашањето зошто би бил убиен кардиналот Теразаса, кога тој е поддржувач на противниците на Моралес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

