Македонија
Онтарио додели 500.000 долари за Македонскиот соборниот храм во Торонто
Канадската провинција Онтарио додели грант од 500.000 долари на Македонската Соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто, првиот македонски храм во Северна Америка, информираат од македонската амбасада во Отава.
Канадската провинција Онтарио додели грант од 500.000 долари на Македонската Соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто, првиот македонски храм во Северна Америка, информираат од македонската амбасада во Отава.
Средствата ќе бидат искористени за негова реконструкција. Предвидено е објектот да добие нов современ лифт, нов влез и западна фасада, со помошни простории, проширен паркинг простор и специјална рампа за лица со посебни потреби.
Од Управата на храмот информираат дека грантот од половина милион канадски долари од Владата на провинцијата Онтарио ќе биде дополнет со уште најмалку толку средства од македонската црква и заедница.
По овој повод на свеченост во соборниот Храм, пред многубројните Македонци од Торонто и околината, амбасадорот на Македонија, Љубен Тевдовски, им додели Плакети за благодарност на претседателот на Соборниот храм, Владе Димитриевски, на потпретседателот Енди Плуков, директно вклучен во договорите со Владата на Онтарио, и членовите на Управниот одбор.
„Соборниот храм Св. Климент Охридски претставува вистински столб на Македонската заедница во Канада и партнер на Македонската амбасада во развојот на вкупните односи помеѓу Македонија и Канада“, рече Тевдовски.
Благодарница за соработката со Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“ од Торонто доделија и присутните претставници на Македонската влада, Александар Ѓеоргиев, од Министерството за култура и Донче Тасев, од Министерството за надворешни работи.
Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто ја одржала својата прва богослужба на македонски јазик во 1962 година, како прва црква под јурисдикција на Македонската православна црква во Северна Америка. Таа претставува соборен храм на Македонците од Северна Америка и официјално седиште на епископот г. Методиј. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во глава и оставена покрај пат
Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство.
На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев.
Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.
Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.
Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.
По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.
Македонија
Филипче ја уништи СДС под диктат на Заев партијата е на раб на исчезнување, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз каде партијата, како што велат, доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво.
„Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран Заев ја доведе СДС до раб на исчезнување на политичкиот спектар.
Венко Филипче наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка. Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев СДС наместо промени и реформи стана синоним за расипништво, каде тандемот Филипче и Заев се луксузира на скапи одмори, јахти, поседува милионски имоти и инвестира во Дубаи.
Со само 126 илјади гласа и 6 општини СДС доживеа потоп. Народот ги казни ароганцијата, расипништвото и лажниот морал. СДС заборави на реaлните проблеми на граѓаните, партијата се оддалечи од народот и стана затворен елитен клуб кој мисли само на личните привилегии“.
Според владејачката партија, СДС е се уште под диктат на Заев, Филипче не се дистанцира од штетните политики на Заев, неместо реформи во СДС се прават козметички потези и се штити раководството.
„Итна оставка на Филипче и длабоки внатрешни реформи се единствениот начин СДС да преживее на политичката сцена.
За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција.
Додека СДС тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија“.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.

