Свет
Најмалку 12 мртви во напад врз воен штаб во Багдад
Бомбаши-самоубијци нападнаа команда на ирачката армија во центарот на Багдад при што загинаа 12 луѓе, на само две недели откако беше нападната истата локација, јавува Асошиејтед прес
Бомбаши-самоубијци нападнаа команда на ирачката армија во центарот на Багдад при што загинаа 12 луѓе, на само две недели откако беше нападната истата локација, јавува Асошиејтед прес Безбедносните сили во Багдад се на високо ниво на подготвеност откако САД и официјално прогласи крај на својот воен ангажман во земјата, но милитантите сепак успеаја да нападнат очигледна цел и тоа во центарот на Багдад. Уште поголем срам за ирачките сили за безбедност, сметаат експертите, е тоа што истата цел беше нападната на 17 август, пред само две недели, при што загинаа 51 регрут . Според портпаролот на ирачката армија, генерал-мајор Ќасим ал-Мусави, во денешниот напад загинале 12 луѓе, а 16 се ранети. Петмина од загинатите се војници. Нападот бил изведен на тој начин што бомбашот-самоубиец го залетал својот автомобил директно во зградата, по што експлодирал. Веднаш по експлозијата вооружени напаѓачи го нападнале штабот и среде бел ден, во центарот на Багдад, воделе борба со стражарите цели 15 минути. Според стражарите, најмалку тројца од напаѓачите носеле појаси со експлозив и целта, најверојатно, им била да влезат внатре во зградата и да се разнесат, но биле застрелани пред да успеат да го активираат експлозивот. Асошиејтед прес го пренесува и мислењето на повеќе меѓународни експерти, кои велат дека денешниот напад е голем срам за ирачките безбедносни сили, а особено за нивните команданти. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

