Контакт

Македонија

Семејното насилство во пораст

Објавено пред

Од почетокот на годинава само во Скопје се регистрирани 227 случаи на семејно насилство, но загрижува фактот што само мал дел од нив се пријавиле во советувалиштата за да побараат помош

dobivaj vesti na viber

Ова денес го рече Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами при посетата на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во чии рамки од неодмна функционира и советувалиште.- Апелираме до сите оние што се соочуваат со  овој проблем да не се срамат, и да се пријават во советувалиштата каде им се нуди пред се психо-социолошки третман, а потоа се превземаат и други мерки да им се помогне на жртвите. Една од мерките што Владата ја предвидува во нејзиниот оперативен план е економско осамостојување на жртвите и тоа преку вработување. За жал и тука заинтерисираноста на жртвите е мала, но тие мора да го пријавуваат насилството за да можеме да им помогнеме – истакна министерот Бајрами. Министерот го придружуваа и преставници на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените(ЕСЕ) во Македонија.-Податоците од теренот говорат дека секоја трета жена е жртва на семејно насилство, секоја петта на физичко, а секоја десетта на сексуално насилство.Ваквиот круг мора да биде затворен еднаш за секогаш , но за да се случи тоа првиот чекор треба да го направат жртвите- рече Марија Гелевска од здружението ЕСЕ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

И денес топло со температури до 30 степени, од вторник дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

dobivaj vesti na viber

Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Објавено пред

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа чиј проект е делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8

Објавено пред

Лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект на СДСМ, за кој велеа дека е „историски кримнал“, велат од СДСМ. Денешниот настан на поставување на кемен темелник со кој беше означен почетокот на работите на автопатoт Тетово-Гостивар, кој е дел од Коридорот 8, ги скара двете најголеми партии за тоа чиј успех е тоа. ВМРО-ДПМНЕ се пофали со голем настан денес, а СДСМ веели дека тоа е нивен проект.

dobivaj vesti na viber

„Денешното ставање камен-темелник на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 уште еднаш ја разоткрива целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ. Токму проектот со ‘Бехтел и Енка’ што тие со месеци го оцрнуваа, го блокираа и го нарекуваа „историски криминал“, денес со гордост го промовираат. Ако е ‘историски криминал’ дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминал? Едно е јасно, лицемерието на ДПМНЕ нема граници, но сепак добро е што продолжува реализацијата на стратешки проект на СДСМ. Подготвителните работи, вклучително геомеханички истражувања, проектирањето, усвојување на инфраструктурниот проект и обезбедување финансиски план за оваа делница од 17 километри, беа започнати токму во времето на претходната влада на СДСМ. Делницата е дел од вкупно 110 километри што ги опфаќа стратешкиот договор со Бехтел и Енка за кој ВМРО-ДПМНЕ велеше дека е криминален. Од пат со широчина од 17 метри, СДСМ ја предвиде и почна реализацијата на модерна автопатска делница широка 27 метри – вистински инфраструктурен напредок. СДСМ инвестираше, градеше, ВМРО-ДПМНЕ кочеше. Но вистината секогаш излегува на виделина. После 10 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден свој инфраструктурен проект, единствено што прави е да ги доврши проектите на СДСМ“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 часа

Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од...

Македонија15 часа

Од Скопје до Охрид ќе се патува час и половина по новиот автопат од Тетово до Гостивар, ама за две години

За две години ќе биде готов новиот автопат од Тетово до Гостивар, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта...

Топ16 часа

Обид за убиство и насилство во кочанското село Тркање

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело убиство  во обид...

Регион18 часа

Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето...

Регион18 часа

Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат...

Македонија19 часа

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно...

Македонија22 часа

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор...

Регион23 часа

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“....

Регион24 часа

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош....

Свет1 ден

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија2 дена

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет2 дена

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион2 дена

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија2 дена

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија2 дена

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија2 дена

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија2 дена

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет2 дена

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија2 дена

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет2 дена

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...