Свет
Експлозија разнесе комбе среде Тетово
Возилото било од гостиварското село Неготино, а половина час пред експлозијата во него се наоѓало деветгодишно дете
Дошле на гости кај роднините, а останале без возилото
Возилото било од гостиварското село Неготино, а половина час пред експлозијата во него се наоѓало деветгодишно дете
Гојко Евтовски
ТЕТОВО – Ноќта спроти петокот во Тетово беше разнесено патничко комбе од експлозија на бомба. Настанот се случил по полноќ на ул. “Мурат Бафтијари° пред куќата број 124 во Горна чаршија. Под возилото со гостиварски регистарски таблички била поставена експлозивна направа. Истовремено, од експлозијата е причинета материјална штета на неколку објекти во близината. Искршени се стакла на прозорците на куќата на Расима Ибраими и на продавницата “Џиликом°. Според првични полициски процени, материјалната штета надминува 60.000 денари. Среќна околност е што не настрадаа луѓе, а само половина час пред тоа во комбито си играл деветгодишниот Армин, син на Расима. Го повикале да излезе од комбето да купи сок и така се спасил од последици.
Со возилото од гостиварското село Неготино дошле Фарук Адеми и Емир Арслани, блиски роднини на Расима, на која пред шест недели Ј починал сопругот, а тие како пријатели сакале да Ј помогнат. Влезната врата во просторијата во која биле домашните и гостите од Неготино е покрај самиот тротоар и директно се влегува од улицата. “Нў потресе силна експлозија. Сите излеговме надвор. Имаше што да видиме. Комбето беше цело оштетено, а на асфалтот почна да течат масло и бензинни, вели Расима. “Бевме десеттина луѓе во кафулето. Силната детонација нў натера бргу да излеземе за да видиме што се случува°, ни рече еден од посетителите на кафулето, кој не сакаше да го каже своето име. “На никого не му должам. Сакам да знам кој ја подметна експлозијата и кои се причините. Се плашам како ќе ми помине оваа ноќ. Јас сум болна, имам срцеви тегоби и сето ова тешко го доживувам. Цела ноќ останавме без спиење, а сў до пет часот наутро чистевме стакла. Сега се плашам да живеам во својата куќа°, продолжува Расима Ибраими, која ја затекнавме дома со нејзината ќерка Флорина.
При посетата на местото на настанот вчера покрај искршените стакла на објектите и очигледните траги од масло на асфалтот друго не можеше да се види.Домаќините ни рекоа дека сопствениците го натовариле комбето и го однеле во своето село. Полицијата трага по извршителите и причините за експлозијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

