Контакт

Македонија

Скопски сликички

Објавено пред

Лична библиотека

dobivaj vesti na viber

Пишува: Јелена ЛУЖИНАПред дваесетина-и-нешто години, кога ќерка ми започнала интензивно да го запознава Скопје, настојувајќи притоа да му се доближи на некој свој начин (ама и – поважно – да ги разбере причините поради кои нејзината мајка успева толку искрено да се идентификува со апсолутно “нестандарната” приказна на овој град), честопати повторувала две цврсти визуелни импресии. Прва: дека Скопје најубаво (или најдобро?) изгледа кога се гледа од високо. Да речеме, од Нерези. И втора, дека Скопје е најшармантно кога се гледа “од дистанца”. Имено, од оние стари фотографии, чиишто меки ведути (со Камениот мост, Калето, џамиите, Чаршијата…) и не можат а да не поттикнуваат носталгични чувства. Ќерка ми, која во меѓувреме зачекори во онаа сериозна животна доба што се нарекува средна (поради што, се разбира,  мајка ì, во истото меѓувреме, мораше сериозно да остаре!), живее во еден од оние преубави, високо урбанизирани а (сепак!) силно носталгични италијански градови, во кои историјата и нејзиното паметење го условуваат севкупниот живот. Дури и сечиј чекор. Не мислам само на чекорењето на секој патник-намерник (таканаречен случаен турист), туку и на секој од постојаните жители кои, далдисани по секојдневната им работа, бргу се движат низ улиците. Сепак, колку и да се тие “свикнати” на опкружувањето што меѓусебно го споделуваат, свеста за “историчноста” на нивниот град и на неговиот специфичен гениус лоци, постојано “лебдее” над нивните животи.  Збогатувајќи ги на секој чекор.Им се случува ли нешто слично и на жителите на денешново Скопје? Како тие го доживуваат напластеното “минато” на својот град? Го познаваат ли, воопшто, тоа минато? Умеат ли да го почитуваат, ама и соодветно да се “инспирираат” од него, “престорувајќи” го во концепт на сопственото живеење? Каде се крие автентичниот гениус лоци   на ова денешно Скопје, кое – за жал – како да не остава впечаток на град што умее соодветно да се носи со сопственото паметење, интимно и колективно? Писателот Данило Коцевски е еден од оние што решиле – одамна, многу одамна –постојано да ги потсетуваат скопјаните на тоа богато, убаво и носталгично минато на нивниот град. На традицијата што градот го профилирала како особено, прилично “нестандарно” место за живеење. На некогашниот негов животец што – ѕиркан од височина или “од дистанца” – како да се гледа некако помек, поубав и побогат од овој наш. Поради ваквата упорност на потсетување на делчињата (иверките, фрагментите) од таканаречената меморија на градот, Коцевски одамна го нарекле “хроничар на Скопје”. Нè има многу коишто, веќе со децении, ги препрочитуваме неговите мали прикаски посветени на деталите од живеалицата на “некогашното Скопје”, кои тој пасионирано ги собира, запишува и ги објавува не само по весниците и по списанијата, ами – на времето – и во некои популарни телевизиски емисии, снимани во оние години кога Македонската телевизија сериозно ја почитуваше и ја негуваше документарната продукција. Книгата Чај од јужните мориња е уште една меморабилија во таа долга интермедијална низа што неколкумина автори, меѓу нив и Коцевски, настојуваат да ја додржуваат во живот, свесни за нејзината исклучителна културна важност. Таа е составена (“прераскажана”) од 56 “мали наративи”, во кои, во едноставен и непретенциозен веристички/репортерски манир, простосрдечно се раскажуваат анегдотите преку кои се тематизираат носталгичните епизоди “од оние дни”. Сите тие се автентични (“документарни”), ама и поетични до коска. Испишани со силна доза на носталгија, чијашто топлина неминовно “преминува” и на читателот.Не знам каде – освен во книгата на Коцевски – денес можете “на брзинка” да ги дознаете шармантните детали за Камениот мост. Или за Елвија Челебија. Или за некои “поегзотични” топоси од Старата чаршија – на пример, за некогашниот нејзин Резил сокак, метафора за проституцијата. Или за старите пајтони, за калдрмата, за првите фудбалски натпревари, за прочуените кафеани Маргер и Кермес, за “најубавата саат-кула во царството”, за одамна заборавените плажи на Вардар, за легендарниот скопски градоначалник Јосиф Михајловиќ кому му должиме многу повеќе отколку што можеме да претпоставиме (ама, чинам, не се сетивме некоја од денешниве улици да ги именуваме по него!)… Некои од најсентименталните епизоди Коцевски им ги посветува на нештата кои битно го одредиле и неговиот сопствен живот: првите скопски кина, старото корзо, скопските боеми, циркусот, веќе заборавените мајстори – кожари, свилари, филиграни, оружари/пушкари… – чиишто вештини, прочуени надалеку, карваните ги разнесуваа до Египет и до Индија…  Книгата е збогатена со извесен број документарни фотографии. Макар што, знам колку е тешко да се дојде до фотографии од тие дамнешни времиња, жалам што Коцевски не успеал да ги собере и објави барем двојно повеќе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Објавено пред

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно. 

dobivaj vesti na viber

Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП „Дрисла“ за да ги утврди причините за пожарот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

„Припадниците на криминалистичката полиција ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби некој од надвор доаѓа, веројатно малку физички спремен со канта бензин или шише бензин, зашто се работи за запаливи гасови, да го подметне пожарот“,рече Ангелов.

Тој посочи дека чадењето е намалено, но сè уште активно, појаснувајќи дека станува збор за чадење, а не за горење.

Видлив оган на депонијата нема, рече Ангелов, туку се работи за чад што излегува од внатрешноста како последица на силните хемиски и биолошки процеси што се одвиваат на депонијата, каде што се слева исцедокот од депонијата.

Ангелов откри и дека имало најмалку три обиди за ново палење. Побара засилено полициско присуство и дополнителни методи на набљудување, бидејќи дел од депонијата е необезбеден и лесно достапен.

Од „Дрисла“ апелираа до МВР да ги пронајде и санкционира потпалувачите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Toшковски: Во тек се подготовки за мирни локални избори

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Одделението за внатрешни работи Струга и Полициската станица за гранични проверки Ќафасан. Од страна на раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга министерот беше информиран за безбедносната состојба во регионот, со забележителни резултати во справувањето со насилниот криминал и видлив напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност – област во која и понатаму ќе се вложуваат дополнителни напори.

dobivaj vesti na viber

„Во пресрет на претстојните локални избори, веќе се преземаат соодветни оперативни активности насочени кон обезбедување мирен и безбеден изборен процес. Што се однесува до граничниот премин Ќафасан, во текот на оваа летна сезона е евидентирано зголемување на бројот на патници кои ја поминале границата во споредба со истиот период минатата година. Во таа насока, заедно со албанските колеги работиме на имплементација на системот „One Stop“, кој во комбинација со одредени инфраструктурни прилагодувања ќе овозможи да имаме трајно решение за намалување на гужвите и забрзување на протокот на патници и возила за време на туристичката сезона.“, подвлече министерот Тошковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Објавено пред

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на општините и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Оваа декларација е прва од ваков вид што се усвојува во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Со овој историски чин, Собранието ја реафирмира својота непартиска сплотеност и посветеноста за гарантирање на демократските и европските стандарди во изборниот процес, нудејќи целосна поддршка на одговорните институции, независното набљудување и мирната и рамноправна изборна кампања.

Декларацијата ја нагласува важноста на почитувањето на законот, основните права и слободи, како и осудата на говорот на омраза, насилството, корупцијата и злоупотребата на државните ресурси. Исто така, се потенцира значењето на политичката толеранција и меѓусебното почитување меѓу различните политички опции, како и улогата на медиумите во обезбедувањето позитивна атмосфера на изборниот процес преку еднакво промовирање на кандидатите, нивните идеи и платформи.

Собранието, како претставник на граѓаните и чувар на сплотеноста, испраќа порака дека изборите на 19 октомври треба да бидат доказ за политичката зрелост и за демократското функционирање на нашето општество и институции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија6 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет7 часа

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет7 часа

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет7 часа

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ11 часа

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија11 часа

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија12 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ12 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија15 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа16 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет17 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет17 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет17 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет17 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион1 ден

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа1 ден

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет1 ден

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет1 ден

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...