Македонија
СДСМ сака смена на Законот за јавни службеници
На покана на невладината Унија на студенти синоќа пратеничката на опозиционата СДСМ Цветанка Иванова во битолската библиотеката одржа трибина за присутните на тема работничките права со посебен осврт на Законот за јавни службеници.
На покана на невладината Унија на студенти синоќа пратеничката на опозиционата СДСМ Цветанка Иванова во битолската библиотеката одржа трибина за присутните на тема работничките права со посебен осврт на Законот за јавни службеници.
„Оценка е не само на опозицијата туку и на граѓаните на РМ дека изминативе четири години се врши постојан упад врз работничките права.“ истакна Иванова.
Според Иванова овој Закон зборувал само за две работнички прва бил како од средниот век, со што вработените во јавниот сектор трпеле терор, додека според ВМРО ДПМНЕ такви на број биле 110.
„Ние оцрнуваме дека многу повеќе се вработени во овој сектор, како и да немаат права се зависи од актуелниот раководител начинот на вработување па се до престанокот н работниот однос.“ вели Иванова.
Состојбата во приватниот сектор регулирана од Законот за работни односи е момент од каде почнало кастрењето според Иванова.
„Затоа што овие сет закони не нудат ништо добро за работниците, било да се вработeни во јавниот, општествeниот, државниот сектор или јавната администрација.“ додаде Иванова.
Вакви трибини одржувале низ сите македонки градови со цел да ја разбуделе работничката класа која се уште не била свесна во каков теснец е со овој Закон, Иванова смета дека со поголема будност на критична маса и притисок за измена на овие Закони правата на работникот ќе бидат на достоинствено ниво./крај/тера/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради дефект без парно делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
Македонија
Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција
Скандалот во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега ја разоткрива длабоката системска корупција и злоупотреба во институцијата која треба да им служи на најранливите. Социјални пензии добивале лица кои што воопшто не исполнуваат услови за тоа, додека лица на кои што им е од суштинска важност да добијат социјална пензија или надоместок за туѓа нега се одбивани, велат од Левица.
„Според досега изнесените податоци неколку вработени во Центарот, меѓу кои и еден раководител исплаќале социјални пензии, туѓа нега и други социјални надоместоци и тоа ретроактивно, на лица кои не исполнувале услови за тоа, со што го оштетиле Буџетот за неколку стотици илјади евра.
Дополнително загрижува фактот што, и покрај тоа што Јавното обвинителство покренало постапка против овиелица, по признание на вина за несовесно работење во службата тие биле задолжени да платат по 18.000 денари по што продолжиле со работа во Центарот за социјални работи во Тетово. Ова испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици.
Јавно прашуваме зошто Министерството за социјална политика и министерот Лимани молчат за овој скандал?
Исто така прашуваме како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот?
Кого штити Министерството и дали Владата на ДПМНЕ знae воопшто на кои и на колку лица неосновано им биле испраќани социјални надоместоци?
Ова е уште еден доказ дека државата за некого е мајка, за некого маќеа!“, се вели во соопштението на политичката партија.
Македонија
(Видео) Клучката „Момин Поток“ се гради со забрзано темпо, Ѓоргиевски порача: „Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар“
Скопје наскоро ќе добие нов булевар, откако со забрзано темпо продолжува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – изградбата на клучката „Момин Поток“ и булеварот „Никола Карев“.
Како што информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, во моментов е во напредна фаза поставувањето на атмосферската канализација во средишниот дел на булеварот, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“.
Овој сегмент, како што истакнува Ѓоргиевски, е клучен за безбедна, современа и одржлива сообраќајна инфраструктура.
Паралелно се гради и левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се поврзат булеварот „Словенија“ и клучката „Момин Поток“. Со тоа ќе се овозможи побрза и поефикасна врска меѓу неколку важни градски сообраќајници.
„Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови. Скопјани заслужуваат“, порача градоначалникот Ѓоргиевски.

