Свет
Сириски војници обвинети за убиство на 13 противници на режимот на Асад
Во оганот од понеделникот отворен од страна на сириските безбедносни сили врз еден кварт од градот Хомс, загинале 13 лица, јавува AFP повикувајќи се на соопштение на сирискиот Центар за мониторинг и заштита на човековите права со седиште во Лондон (Observatory for Human Rights).
Во оганот од понеделникот отворен од страна на сириските безбедносни сили врз еден кварт од градот Хомс, загинале 13 лица, јавува AFP повикувајќи се на соопштение на сирискиот Центар за мониторинг и заштита на човековите права со седиште во Лондон (Observatory for Human Rights).„Стрелбата од оружје со голем калибар се случи во понеделникот наутро врз населбата Баба Амро, при што загинаа најмалку 13 луѓе а десетици се ранети. Ситуацијата е страшна, а ова беше најинтензивен напад последните неколку дена“, се наведува во цитираната изјава на претставник на Центарот кој бил очевидец на нападот.Сириската војска и полицијата повеќепати спроведуваа големи операции во градот Хомс со цел да се задушат акциите на противниците на претседателот Башар ал-Асад.Претходно во понеделникот беше објавено дека набљудувачите на Арапската лига официјално ќе ја започнуваат својата работа во Сирија со посета на градот на Хомс на 27-ми декември. Набљудувачите ќе отпатуваат и во уште еден од „проблематичните“ сириски градови – Хама, како и во главниот град Дамаск, и во Идлиб.Според францускиот весник Le Mond во понедленикто пишува дека шефот на набљудувачката мисија во Сирија, суданскиот генерал Ахмед Мустафа Ал-Даби, пристигнал во Сирија на 25-ти декември. Задачата на набљудувачите на Арапската лига е да ја проценат ситуацијата во земјата. Особено, тие ќе треба да ги идентификуваат одговорните за цивилните жртви: сириската армија, силите на министерството за внатрешни работи, вооружените милитанти, вклучувајќи и странци, кои, според локалните власти, ги напаѓаат владините објекти и цивилите со цел да поттикнување на меѓуверската омраза во земјата.Одлуката за испраќање мисијата од 500 набљудувачи, Арапската лига ја донесе кон средината на ноември, по самитот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Лигата во Рабат. Сепак, имплементацијата на мисијата беше суспендирана поради несогласувања меѓу Лигата и Дамаск за статусот на набљудувачите.Претходно Лигата привремено ја суспендирапе од своето членство Сирија и воведе економски санкции против Дамаск подари продолжувањето на судирите во коишто според податоците на Организацијата на обединетите нации животите ги загубиле повеќе од пет илјади луѓе.Во Сирија, повеќе од девет месеци не престануваат анти-владините протести, која започна во средината на март. Секојдневни се информациите за нови жртви , без разлика дали се работи за цивили или униформирани припадници на безбедносните сили./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По повеќе од 400 години данската пошта прекинува со достава на писма
Данската пошта денеска соопшти дека на 30 декември ќе ја изврши последната достава на писма, со што се завршува традицијата долга повеќе од 400 години, која датира уште од 1624 година.
Причината за потегот е тоа што во текот на последните 25 години испраќањето писма драстично опадна – за повеќе од 90 отсто.
„PostNord“, компанијата која настана со спојување на шведската и данската пошта во 2009 година, претходно соопшти дека ќе укине 1.500 работни места во Данска и ќе отстрани 1.500 поштенски сандачиња, со оглед на тоа што побарувачката за писма драстично опадна, додека онлајн купувањето продолжува да расте. Оваа компанија, која и понатаму ќе доставува писма во Шведска, нагласи дека во Данска на нејзино место доставата ќе ја преземе компанијата „Dao“, која веќе врши достава на писма и која планира да ги прошири своите услуги од 1 јануари.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека меѓу младите доаѓа до повторен пораст на пишувањето писма. Истражувањето на „Dao“ покажа дека лицата на возраст меѓу 18 и 34 години испраќаат два до трипати повеќе писма отколку другите возрасни групи, а истражувачот на трендови Мадс Арлиен-Соборг верува дека младите се свртуваат кон пишувањето писма како „противтежа на дигиталната преоптовареност“.
Според данскиот закон, мора да постои можност за испраќање писма, што значи дека доколку „Dao“ одлучи да ја прекине доставата, владата би била обврзана да именува друга компанија за таа задача.
Законот за дигитален идентитет, „MitID“, се користи за сè – од онлајн банкарство до закажување прегледи кај доктор, а поголемиот дел од официјалните комуникации се испраќаат преку дигитална пошта наместо со обична пошта.
Денес 97 отсто од данската популација постара од 15 години е регистрирана во „MitID“, додека само пет отсто одлучиле да се откажат од дигиталната пошта.
– Бевме данска пошта 400 години и затоа ова е тешка одлука, но Данска стана сè подигитална, што значи дека денес речиси и да нема писма. Со оглед на падот на побарувачката, пазарот на писма повеќе не е профитабилен, изјави заменикот извршен директор на „ПостНорд Данска“, Ким Петерсен.
Свет
Странски турист испадна од кабина на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора
Еден странски турист загина, а тројца се спасени во несреќа на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора. Тамошните медиуми објавија дека двајца германски државјани испаднале од својата кабина, од кои еден починал, додека неговата сопруга е тешко повредена.
По неколкучасовниот прекин на работата на жичницата поради несреќата, спасени се тројца странски туристи кои беа заглавени на стрмниот и непристапен дел на скијалиштето на Дурмитор. Тие беа заглавени во горниот дел на жичницата, каде што температурите се пониски.
Црногорските медиуми објавија дека несреќата се случила откако жичницата поради дефект тргнала наназад, при што двајцата Германци испаднале од кабината.
Свет
Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош
Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од студ поради тешките зимски услови и го повика Израел да ја ублажи блокадата на хуманитарната помош, додека, како што наведуваат, воените дејствија продолжуваат и покрај примирјето.
МСФ соопшти дека во јужниот дел на Газа, во Кан Јунис, од тешка хипотермија починало прерано родено бебе на 29 дена, истакнувајќи дека зимата во комбинација со исклучително лошите животни услови значително ги зголемува здравствените ризици, пренесе Ал Џезира.
Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на смртни случаи поради екстремните временски услови достигнал 13, додека претходно оваа недела од студ починало и двонеделно бебе поради недостаиг на соодветно засолниште и облека.
Шефот на педијатриско-акушерското одделение во Медицинскиот комплекс „Насер“ Ахмед ал-Фара предупреди дека хипотермијата е исклучително опасна за новороденчињата и дека доколку на семејствата во шаторите не им се обезбедат средства за греење и соодветно сместување, бројот на смртни случаи ќе расте.
МСФ наведува дека бележи висок пораст на респираторни инфекции, кои во текот на зимата би можеле дополнително да се шират, особено загрозувајќи ги децата под пет години.
Во последните недели Газа се соочува со обилни врнежи, силни ветрови и ниски температури, при што повеќе од 53.000 шатори, кои служат како привремено сместување за раселените лица, се оштетени или уништени.
Поради уништената инфраструктура, улиците брзо се поплавуваат, а канализацијата се излева, додека семејствата се принудени да се засолнат во делумно урнати објекти.
Обединетите нации наведуваат дека Израел и натаму спречува испорака на шатори, ќебиња и други основни потреби, додека околу 55.000 семејства претрпеле штета за време на невреме, а оштетени се и просторите наменети за деца, што погодило околу 30.000 деца.
Организацијата „Refugees International“ оцени дека хуманитарната помош во Газа пристигнува во минимални количини, делумно поради списокот на „контролирани предмети“, кој, според наводите, вклучува и основни потреби како пелени, завои и шатори.

