Македонија
Судењето за „Пајажина“ одложено за 13. јуни

Одложено е судење за процесот „Пајажина“ коешто требаше да започне во понедленикот и е презакажано за 13. јуни
Одбраната побара увид во целокупниот доказен материјал. Адвокатот на одбраната Никола Поленак рече дека не им биле доставени 160 докази од списите во предметот.Тој рече дека без увид во целокупната доказна документација обвинетите не можат да ја подготват својата одбрана. Одбраната побара увид во документацијата пред закажувањето на главниот претрес.Судијката Павлина Христова рече дека поради временски и просторни услови не успеале дел од доказите да стигнат до сите обвинети, но нагласи дека ниту еден доказ нема да им биде ускратен и ќе им биде даден на увид.Таа додаде дека увидот на докази не завршува со денешниот ден и дека ќе направи распоред за сите обвинети да ги видат целокупните докази.Адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ по судењето ја поздрави одлуката на судот и рече дека вината за ова, со оглед на обемноста на предметот, не ја лоцира кај судот.Адвокатите побараа замена на притворот за Велија и Емел Рамковски со домашен притвор за што ќе решава Кривичниот совет откако ќе го добие барањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влада: Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку обновливи извори на енергија

„На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели. Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа“, велат од Владата.
„Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници.
Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина.
Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем“, соопштуваат од Владата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.