Македонија
Филе: Спорот помеѓу Македонија и Грција може да се реши до јули
Комесарот за ширење на ЕУ, Штефан Филе изрази надежи дека до крајот на шпанското претседавање на ЕУ до 30 јуни, ќе се реши спорот со името.
Комесарот за ширење на ЕУ, Штефан Филе изрази надежи дека до крајот на шпанското претседавање на ЕУ до 30 јуни, ќе се реши спорот со името.„Се надеваме дека ќе бидеме во можност да започнеме пристапни преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија, која постигна фантастичен напредок минатата година и поради тоа Европската комисија му препорача на Европскиот совет на крајот на 2009 година да започне пристапни преговори со неа,“ изјави Филе.„Се надеваме дека владите на Македонија и Грција, ќе го искористат времето до крајот на шпанското претседавање за да изнајдат решение за прашањето со името, што ќе им дозволи на земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло во преговорите со Македонија,“ изјави Филе во интервју за германското радио Дојче Веле.Коментирајќи ги изјавите на Филе, Премиерот Никола Груевски изјави: „Сега сме фокусирани на барањето и наоѓањето на решението за спорот со името за да можеме да постигнеме деблокада на преговорите и да најдеме можност во текот на шпанското претседавање да се утврди датумот за почеток на преговорите со Европската Унија.“Говорејќи за инцидентот со скандирањето на нацистички пароли на крајбрежната гарда во Атина, Груевски изјави дека вчерашната изјава на амбасадорката на Грција во Македонија, Александра Пападополу кога таа рече дека навредливото скандирање било „изолиран инцидент“.Инцидентот се случи откако припадниците на еден од одредите на Крајбрежната стража, на парадата на 25. март во Атина извикуваа дека „од кожата на Македонците и Албанците ќе направат облека.“ Амбасадорката Пападополу изјави дека првиот човек на единицата бил суспендиран, а се испитувале и останатите учесници кои скандираа против македонскиот и албанскиот народ во Атина.Претседателот Ѓорѓи Иванов смета дека Грција не направила доволно со тоа што го сменила старешината на единицата на Крајбрежната стража и кренала дисциплински постапки против нејзините припадници, професионални нуркачи. Освен тоа, Иванов бара од Атина да го промени својот став спрема соседите.Претседателот за овие прашања разговараше и со својот албански колега, Бамир Топи и двајцата заклучија дека е загрижувачки што една членка на Европската Унија и НАТО има припадници на безбедносните сили кои користат говор на омраза.Македонија и Албанија поради овој инцидент упатија протестни ноти до Грција.Амбасадорот на Грција во Тирана се извини, додека амбасадорката на Грција во Скопје го оцени случувањето како „изолиран инцидент.“ /крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

