Свет
Корупцијата и бавното судство го уништуваат бизнисот
Митото и корупцијата во државните органи, преголемите права на вработените во државните органи, разните притисоци врз стопанствениците, долгите процедури за регистрирање бизнис и бавното судство ја кочат работата на стопанствениците.
Митото и корупцијата во државните органи, преголемите права на вработените во државните органи, разните притисоци врз стопанствениците, долгите процедури за регистрирање бизнис и бавното судство ја кочат работата на стопанствениците. Вака членовите на Стопанската комора и се пожалија на вицепремиерката Радмила Шеќеринска. Новиот претседател на комората, Бранко Азески, на првиот состанок на Управниот одбор пред комората, на кој присуствуваше и Шеќеринска, прочита десетина забелешки на кои Владата требало да поработи. Во критиките се придружија и другите членови на комората.
– Преголемите права на вработените во државните органи, како и законите и подзаконските акти, се уште се отворено поле за корупција. Присутни се и појави на притисок, уцени и коруптивно однесување на инспекциските органи кон сопствениците на малите и средните претпријатија. Ја повикуваме Владата да го објави точниот датум кога ќе почне да се применува едношалтерскиот систем – рече Азески.
Стопанствениците сметаат дека стечајните постапки се предолги, дека Законот за јавни набавки се злоупотребува и дека повеќето тендери се наместени.
– Тендерите се извор на корупција. Во Македонија, на пример, однапред се знае која фирма ги добива сите тендери за водоводи. Не се ни обидуваме да се жалиме на суд, бидејќи нема шанси да добиеме. Жално е што веќе подолго време и странските донации се злоупотребуваат. Дури и странците ги научивме како да навлезат во нашите „шеми“ при користењето на парите – вели Јорго Ќука, генерален директор на „ОХИС“.
Откако ги ислуша, Шеќеринска од името на Владата ги прифати забелешките, но им забележа на стопанствениците дека не треба само да критикуваат, туку да даваат повеќе конкретни предлози.
– Точно е дека треба да се избориме со корупцијата и да поработиме на судството. Беше корисно да ја слушнам дебатата на стопанствениците и ветувам дека Владата ќе ја консултира комората. Само, стопанствениците треба да имаат и конкретни предлози. Владата нема да ги прифати сите, но ќе работи заедно со стопанскиот сектор – рече таа. А. К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

