Свет
Геотермалната енергија – најстабилен обновлив извор
Луѓето ширум светот со векови ја користат топлината од внатрешноста на земјата, почнувајќи од бањите, до цели градови што се греат на топла вода
Луѓето ширум светот со векови ја користат топлината од внатрешноста на земјата, почнувајќи од бањите, до цели градови што се греат на топла вода. Но тоа беше ограничено на подрачјата со таква вода.
Американската влада сега го поттикнува развојот на поефикасни начини за користење на геотермалната енергија. Една постројка од тој тип е изградена во местото Термо, во американската сојузна држава Јута.
Геотермалната енергија произведува само еден процент од струјата во САД, воглавно бидејќи ја има само покрај активните или изгаснатите вулкани.
Претседателот на компанијата Рејсер технолоџис, Крег Хигинсон, тврди дека ова наскоро ќе се промени.
„Со изворите и ресурсите на располагање би можеле да покриеме повеќе од третина од потребите на земјата“, убеден е Хигинсон.
Геотермалните централи порано беа многу скапи, изградбата би траела од пет до осум години, а работеле само со топла вода. Хигинсон вели дека нивната централа од 10 мегавати во Јута може да работи со многу постудена вода.
„Можеме да произведуваме струја при многу пониски температури, едвај потопли од филџан кафе, што многу ја менува динамиката на геотермалната енергија“, вели Хигинсон.
Според неговиот принцип, врелата подземна вода минува низ уред во кој нејзината енергија се користи за производство на пареа која потоа, се користи за придвижување на турбината што произведува струја. Хигинсон нагласува дека постои и дополнителна полза.
„Водата не ја вадиме трајно. Само ја пропуштаме низ систем, а потоа сета количина ја враќаме назад во земјата“, вели Хигинсон.
Основачите на компанијата додаваат дека со тоа потенцијално се зголемува бројот на местата во светот во кои геотермалната енергија би можела брзо и економично да се развива.
Педесетина модуларни генераторски единици на геотермалната централа во Јута се изградени за една година и веќе снабдуваат со струја 15.000 домови во калифорнискиот град Анахајм.
Геотермалната енергија се смета за еден од најстабилните извори на обновливата енергија, бидејќи топлината во земјината внатрешност не зависи од климата или од перидот во денот. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

