Македонија
Бугарската агенција „Фокус“ се пошегува со Петрески, тој најави кривична пријава
Бугарската новинска агенција „Фокус“ денеска објави првоаприлски текст со наслов “Охрид посака административно да биде управуван од Софија“, во кој е поместено измислено интервју со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Бугарската новинска агенција „Фокус“ денеска објави првоаприлски текст со наслов “Охрид посака административно да биде управуван од Софија“, во кој е поместено измислено интервју со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. На крајот од текстот е поставен линк кон целосносто “интервју“ каде пишува дека се работи за првоапрлилска шега.
Сепак, написот на „Фокус“ ја вознемири охридската локална самоуправа, која смета дека шегата во најмала рака е неумесна, а на неа намерно или нанемeрно наседнаа повеќе македонски медиуми. Поради тоа Општина Охрид реагираше со демант во врска со наводната изјава на градоначалникот на Охрид, Александар Патрески за бугарската новинска агенција Фокус:
„Наводната моја изјава за бугарската новинска агенција Фокус, не само што е целосна невистина, лага и конструкција, туку воопшто не сум дал било каква изјава за оваа агенција.
Со оглед на тоа што станува збор за целосна измислица, неовластено и неточно споменување на моето име со намера за моја лична дисквалификација и груба манипулација на јавноста во Република Македонија, барам бугарската агенција Фокус јавно да демантира дека сум дал било каква изјава за нив и да ми се извини веднаш.
Доколку тоа не го направат ќе поднесам кривична пријава за клевета.“ – стои во демантот на градоначалникот на Охрид Александар Петрески. /крај/ohridnews/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ковачки: Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција
Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, денеска меѓудругото вети дека ќе бидат вратени во функција сите железнички линии.
„Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините“, изјави Ковачки.
Македонски железници месецов прослави 151 година од своето постоење. Јавното претпријатие е во лоша состојба, а укинати се голем број возови.
Од неодамна, од двата патнички воза за Гевгелија вози само еден. Од 2021-ва не сообраќаат возовите од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово.
Патниците го избегнуваат возот оти кога се качуваат не се знае кога и дали ќе стигнат. Честопати има дефекти и доцнење од по неколку часа, па граѓаните не сакаат да ризикуваат.
Ова јавно претпријатие е загубар кој со години се соочува со финансиски потешкотии и постојано добива прилив од буџетот за да може да подели плати и да плати сметки.
Македонија
„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр
Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Ова се само дел од објавите на ФБ.
Македонија
23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи
Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.
Масакрот се случи на денешен ден, 28 април 2001 година, во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!
Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Фотографии објави генералот Стојанче Ангелов.