Свет
Големото прашање: Зашто сведочиме на уште еден пад на Ербас, и дали летањето станува се поризично?
На 1 јуни се сруши Ербас 447 во Атланскиот океан на бразилскиот брег, убивајќи 228 луѓе, при што производителот на авионот беше вмешан во несреќата. Овој пат, само месец подоцна, лет на “Јеменија Ер“ се сруши во Индискиот океан
Што всушност се случило?Досега, незнаеме многу. Три мртви тела се извлечени од океанот и 14 годишно девојче Бахиа Барики кое преживеа, и останатите патници за кои нема никакво информации. Околностите под кои авионот се срушил ќе станат појасни сега откако истражувачите ја пронајдоа локацијата на црната кутија, но првичните предпоставки беа дека причината било лошото време и ноќното слетување како допринесувачка околност. Да бидат нештата полоши и состојбата во која се наоѓал авионот се доведе во прашање. Фамилиите на оние кои беа во авионот изјавуваат дека авионот А310 е тип на авион кој јавувал проблеми подолго време, па според тоа незамисливо е како можат на тој начин да си играат со човечките животи.Министерот за транспорт и врски на Франција ДОмоник Бусерау, изјавил за парламентот дека Јеменија Ербасот А310 немал дозвола за летање во Франција, и ја зголеми фамата крената околу авионот кој беше карактеризиран како сигурен до авион кој се сруши во океанот. Иако некои од луѓето летале со различен авион од Парис или Марсеј пред да се качат на летот 626 во Санаа, главниот град на Јемен.Дали има друго објаснување за несреќата, освен техничка грешка?Давид Леармоунт, уредник во Воздухопловниот летачки магазин, смете дека човечка грешка е веројатно причина за несреќата, укажувајќи на можниот замор кај пилотот кој морал да се справи со слетување во 1:30 часот со силен ветер. Притоа мора да изврши непрецизно слетување без радар, метод кој 3 до 5 пати се покажува повеќе склон на несреќи како оваа. Дали имаме добри причини да размислиме за патување со Ербас?Да..Авионите на Ербас беа вклучени во низа несреќи, и досега за ниедна од несреќите не дадоа логичко објаснување.Некои пилоти се загрижени за преголемата укажана доверба на новиот аутоматски ситем за навигација.Ниедна воздухопловна компанија неможе да гарантира дека нема да се појави човечка грешка.Не..Нема причина да мислиме дека овие две несреќи се поврзани, тие вклучуваат различни модели на Ербас произведени во различен период.Ризикот што го превземате при летање е најмал, споредено со останатите превозни средстваСами заклучете што би сториле…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети
Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети.
Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила.
Во соседната Воронежка област, која се граничи со Белгород на исток, гувернерот Александар Гусев исто така пријави ракетни и напади со дронови, наведувајќи дека противвоздушната одбрана пресретнала дел од дроновите.
Пожар во едно општинска постројка бил брзо изгаснат, иако непотврдени извештаи на социјалните мрежи тврдат дека била погодена градската комбинирана термоелектрана.
Гусев предупреди дека делови од Воронеж би можеле привремено да останат без струја и да имаат прекини во греењето. Тој исто така пријави оштетувања на објекти на една градежна компанија и неколку возила. На жителите им беше препорачано да се засолнат во бункери како мерка на претпазливост.
Во градот Таганрог во Ростовската област исто така имаше извештаи на социјалните мрежи за експлозии и прекини на електрична енергија.
Во меѓувреме, Украина соопшти дека претрпела десетици напади, нарекувајќи ги едни од најжестоките руски ракетни и напади со дронови врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на војната.
Од 69 напади со дронови, 34 биле одбиени, според украинските власти. Ден претходно, Русија изврши напади со 458 дронови, 45 ракети и крстосувачки проектили.
Народот на Украина и понатаму е сериозно погоден од прекини на струја, греење и топла вода, пренесе ДПА.
Свет
Три лица загинаа, а 15 се повредени откако Тенерифе го погодија џиновски бранови
Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА.
Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе.
Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината националност, но нејзината точна возраст сè уште не е потврдена.
Инцидентот се случи вчера попладне во Пуерто де ла Крус, град на северниот брег на Канарскиот Остров, кога силата на брановите ја однеле неа и уште девет лица во водата.
Полицајците и случајните минувачи успеале да ги извлечат сите на брегот. За жал, Холанѓанката доживеала срцев удар и починала и покрај обидите за реанимација од страна на болничарите на местото на настанот.
Останатите девет лица, меѓу кои и тројца француски туристи, се пренесени во болница со различни повреди, од кои некои се сериозни.
Втора жртва е пријавена во Чарко дел Виенто, на околу 15 километри западно од Пуерто Ла Крус. 43-годишен Шпанец паднал во морето додека ловел риба.
Тој бил брзо спасен со хеликоптер, но болничарите можеле само да ја констатираат неговата смрт, според весникот „Ел Дија“. Властите веруваат дека најверојатно бил удрен од џиновски бран, иако немало очевидци.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.

