Свет
Тимошенко на суд поради злоупотреба на владини фондови
Против поранешната премиерка на Украина и сегашен лидер на опозицијата Јулија Тимошенко е покрената кривична постапка поради неправилна употреба на владини фондови, јавува агенцијата Риа НовостиТимошенко за новинарите изјави дека нејзиното „злосторство“ се состоело во тоа што ги префрлила парите наменети за еколошки проекти за исплата на пензии. „Украинскиот претседател Виктор Јанукович ќе мора да ја преземе одговорноста за секој акт на репресија врз вистинската опозиција, како и за тоа што во моментов им го прави на сите украински граѓани“, рече Тимошенко. Тимошенко прејде во опозиција откако владата која ја предводеше беше расформирана по тесниот пораз на претседателските избори од страна на актуелниот претседател. Опозицијата жестоко го критикува Јанукович поради неговата „антиукраинска“ и „проруска“ политика. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Лајчак: Го ценам конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ што се води во Давос
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека го цени конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан што се одржува на Светскиот економски форум во Давос.
„Дискусија за ЕУ иднината на нашите соседи за која вреди да станеме рано. Ја ценам конструктивната дискусија за проширувањето на ЕУ на традиционалниот Светски економски форум во Давос“, објави Лајчак на мрежата „Икс“, зборувајќи за дипломатскиот дијалог за Западен Балкан.
Свет
Унгарија има план доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален
Унгарската влада има подготвено план за вонредни ситуации доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергели Гуљас.
Тој нагласи дека испораката на гас за Унгарија ќе биде обезбедена, но додаде дека најверојатно тоа ќе чини многу повеќе, пренесе „ТАСС“.
Гуљас потврди дека има акциски планови за кризни ситуации откако неодамна беше загрозен Турскиот тек.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан не навлегува во детали за планот.
Свет
Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за ставање крај на војната.
„Тој е подготвен да преговара за договор“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Тој е некој кој изгубил многу војници, како и Русија.
Американскиот претседател ja најави можноста за средба со рускиот лидер Владимир Путин, кој, како што рече, веќе изразил желба за таква средба.
Тој додаде дека Кина има „голема моќ над Русија“.
Тврдењата на Трамп дојдоа еден ден откако тој ја повика Русија да постигне решение за завршување на војната и се закани дека ќе воведе даноци, тарифи и санкции доколку не се постигне договор. Кремљ објави дека Русија внимателно ја следи реториката на Вашингтон и останува подготвена за дијалог меѓу Трамп и Путин, како и во првиот мандат на Трамп.