Свет
Најмалку 11 загинати во бомбашки напад во Ингушетија
Во експлозија на камион-бомба загинале најламку 11 лица во главен штаб на локална полиција во турбулентниот руски регион Ингушетија, јавува Ројтерс
Ингушетија, главно муслимански регион што се граничи со Чеченија, во последниве неколку месеци бил зафатен од бран насилства и беззаконија, за кои Кремлин и локалните власти ги обвинуваат исламските бунтовници.Камионот експлодирал во близина на полициска база во најголемиот град во Ингушетија, Назран.Според извор за Интерфакс, сите автомобили и згради во дворот на полицискиот штаб комплетно биле уништени од екплозијата на 50 килограми ТНТ, што биле поставени во камионот.Најмалку 11 лица загинале, а 50 биле повредени во експлозијата, за Ројтерс изјавила Мадина Каџиева, претставник на полицијата. Руските новински агенции, повикувајќи се на болничките извори објавиле дека во нападот загинале 12 лица.Бомбата експлодирала кога полицијата се постројувала за утринската инспекција, објавила новинската агенција ITAR-TASS.Руските лидери алармирале по порастот на тензиите во Ингушетија и Северен Кавказ.Претседателот на Ингушетија, Јунус-бек Јевкуров, се’ уште закрепнувал од повредите што ги здобил во нападот од бомбаш-самоубиец во јуни годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка ќе го распушти парламентот и ќе свика предвремени избори
Јапонската премиерка Санае Такаичи планира да го распушти парламентот следната недела и да свика предвремени општи избори, изјави во среда генералниот секретар на нејзината владејачка партија.
Според информиран извор и домашни медиуми, Такаичи размислува за одржување на изборите на 8 февруари. „Мораме да побараме нов мандат“, изјави Шуничи Сузуки, генерален секретар на Либерално-демократската партија, за новинарите по состанокот со премиерот во среда.
Како прва жена премиер во Јапонија, Такаичи сака да го искористи порастот на јавната поддршка за нејзината влада откако ја презеде функцијата во октомври за дополнително да го зајакне своето парламентарно мнозинство.
Сузуки рече дека изборите ќе им овозможат на гласачите да одлучат за новата коалиција на Либерално-демократската партија со десничарската Јапонска партија за иновации (ЈИП), позната како Ишин. Минатата година, Такаичи ја прекина соработката со долгогодишниот коалициски партнер Комеита.
„Една од причините за распуштањето на парламентот е тоа што претходните избори беа одржани под владите на Либерално-демократската партија и Комеита; јавноста сè уште не го дала својот став за промената на нашиот коалициски партнер“, рече Сузуки.
Свет
Лавров ги обвинува САД за грубо кршење на меѓународното право
Фундаменталната проценка на Русија за нелегалната операција на САД во Венецуела останува валидна, а тоа е грубо кршење на меѓународното право, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Нашиот став останува непроменет. Овој став е фундаментален, заснован на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, чии влади природно ги претставуваат интересите на целото нивно население. Венецуела беше токму таква земја, па затоа нашата фундаментална проценка за нелегалната операција спроведена од САД останува валидна и ја делат огромното мнозинство земји на глобалниот Југ и глобалниот Исток“, рече Лавров, пренесува РИА Новости.
Според него, Русија и Венецуела имаат долга историја на стратешки односи, а Москва е посветена на претходно постигнатите договори.
„Само западноевропските земји и другите сојузници од Вашингтон срамно се обидуваат да избегнат давање фундаментални проценки, иако на сите им е јасно дека зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, заклучи Лавров.
Кога станува збор за Украина, тој рече дека само решавањето на основните причини за украинскиот конфликт овозможува долгорочен мир.
„Средбите во Русија со специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф беа сериозни и конкретни. Нивната цел беше да се решат основните причини за украинската криза и да се договорат начини за нивно надминување. Во спротивно, не можеме да очекуваме одржлив, долгорочен мир“, рече Лавров, пренесува РИА Новости.
Како што изјави, Москва останува отворена за разговори за Украина, сè додека овие разговори се отворени и сериозни.
„Рускиот претседател Владимир Путин постојано, вклучително и на разни настани во последните неколку недели, ја потврдуваше нашата позиција за отвореност за преговори за Украина, доколку овие преговори се од сериозна природа и доколку оние кои се заинтересирани за такви преговори се навистина подготвени за нив и имаат што да кажат“, рече тој.
Според него, Русија сè уште не добила информации за декларацијата за Украина од европската „Коалиција на волјата“, но Москва е подготвена да се запознае со деталите.
Свет
Мецола: ЕУ не смее да го чека Трамп, притисокот врз Иран мора да биде итен
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, денес изјави дека Европската Унија не треба да чека американскиот претседател Доналд Трамп да преземе мерки против иранскиот режим и дека Брисел треба да го зголеми притисокот врз Техеран.
Таа за „Јуроњуз“ рече дека иранскиот режим е без сила и дека деновите на диктаторот ќе завршат во 2026 година.
Според неа, санкциите треба веднаш да се воведат, а Корпусот на Исламската револуционерна гарда треба да се додаде на терористичката листа на ЕУ.
„Згрозени сме од она што се случува во Иран и не можеме мирно да гледаме како режимот користи насилство, репресија и злоупотреба за да го потисне она што го сметаме за фундаментални слободи“, рече Мецола.
Таа ја повика Европската Унија брзо да одговори на насилното потиснување на демонстрантите во Иран, кое меѓународната заедница го означи како црвена линија.
„Сведоци сме на насилство, атентати и ова не е нешто што ќе го толерираме“, рече Мецола.
Таа додаде дека ќе го поддржи прогласувањето на Иранската гарда за терористичка организација и истакна дека Европскиот парламент долго време лобираше оваа иранска воена организација да биде означена како таква.
„Ова е ставот на Европскиот парламент со години, откако ги видовме тие храбри жени на улиците на Иран како повикуваат на почитување на нивната слобода, нивните права и нивното достоинство“, рече Мецола, алудирајќи на движењето „Жени, живот, слобода“, кое се појави по смртта на Махса Амини.
Според Мецола, иранскиот режим сега е на „последните сили“, а Европската Унија има „златна“ можност да ја покаже својата посветеност на слободата, да ги поддржи демонстрантите и да ги казни одговорните.
„На иранскиот народ е да ја одреди својата иднина, но ние мора да ги поддржиме. Ако не сега – кога?“, рече Мецола.

