Свет
Штерјо Наков: Што ве боли к…. за приватизацијата „Фершпед“!

Да не те боли тебе к…. за приватизацијата на „Фершпед“, изјави Штерјо Наков, сопственик на компанијата, за телевизијата А1 во петокот. Новинарското прашање за тоа каков е коментарот на Наков за приватизацијата на „Фершпед“, следува откако антикорупциската комисија во неколку наврати укажа дека трансформацијата на шпедитерската куќа е сомнителна.
Да не те боли тебе к…. за приватизацијата на „Фершпед“, изјави Штерјо Наков, сопственик на компанијата, за телевизијата А1 во петокот. Новинарското прашање за тоа каков е коментарот на Наков за приватизацијата на „Фершпед“, следува откако антикорупциската комисија во неколку наврати укажа дека трансформацијата на шпедитерската куќа е сомнителна.
Случајот е заглавен во Јавното правобранителство, од кое антикорупциската комисија упорно бара да отвори судски процес. Две финансиски контроли во компанијата покажаа дека менаџерите незаконски го доприватизирале претпријатието. Последната контрола, која Управата за јавни приходи ја правеше цела година, ги демантира овие наоди. Антикорупциската комисија ја отфрли оваа контрола.
Наков долго време не се појавува во јавноста и не дава никакви изјави.
Последното појавување предизвика низа реакции во јавноста, а први се јавија од здружението „Акционер“. Оттаму велат дека е жално што вакви луѓе стојат на чело на македонското стопанство.
Вчера реагираше и ВМРО-НП.
– Штерјо Наков, сопственикот на „Фершпед“, да им се извини на граѓаните затоа што си дозволи јавно да шири безобразлук. Вака некултурно однесување на човекот што е главен спонзор на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е скандал и навреда на интелигенцијата на народот. Се прашуваме дали Наков се чувствува толку моќен за безгрижно да шири безобразлук, некултура и навреди или е тоа обид за затскривање на незаконската приватизација на „Фершпед“ – рече портпаролот Александар Ѓорѓиев.
Во ВМРО – НП се непријатно изненадени од ниското ниво на култура на еден од најбогатите луѓе во земјава, кој преку спонзорствата за двете најголеми политички партии индиректно владее во Македонија.
А.К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Во август ќе воведеме царини од 25 проценти за Јапонија и Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека, почнувајќи од 1 август, ќе бидат воведени царини од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја, објави денес Блумберг.
Царините за Јапонија и Јужна Кореја, објавени на Твитер платформата на Трамп, се во голема мера во согласност со она што тој претходно го најави за воведувањето царини за тие две земји, анализираат медиумите.
По 90-дневно одложување на таканаречените реципрочни царини, кои првично ја погодија Јапонија со стапка од 24 проценти и Јужна Кореја со стапка од 25 проценти, Трамп ги намали тие царини на десет проценти, за да се овозможи време за преговори.
Во своите писма, Трамп ги предупреди земјите против воведувањето реципрочни мерки, велејќи дека во тој случај САД ќе одговорат со воведување нови царини.
„Ако од која било причина одлучите да ги зголемите царинските давачки, тогаш бројот за кој ќе ги зголемите ќе се додаде на 25-те проценти што ги наплаќаме“, рече Трамп, според Танјуг.
Свет
Кој е поранешниот руски министер за транспорт: Путин го разреши, а неколку часа подоцна беше пронајден мртов во Москва

Поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовојт, кој утрово беше разрешен од рускиот претседател Владимир Путин, беше пронајден мртов а сомнежите се дека извршил самоубиство, пишува „РИА Новости“.
Телото е пронајдено во неговиот автомобил во Одинцово, Москва.
„Според првичните информации, Старовојт извршил самоубиство во Одинцово во близина на Москва“, открива извор на руската агенција.
Истражителите се уште се на местото на настанот. Истрагата е сè уште во тек.
Роман Старовој беше разрешен од функцијата министер за транспорт утрово, а неколку часа подоцна беше пронајден мртов во својот автомобил во Москва. Тој ја извршуваше таа функција од мај 2024 година.
Според написите, Старовојт бил претходно предупреден од руската безбедносна служба дека се „заинтересирани“ за него. Неговиот извор открил дека ФСБ има големо досие за Старовојт во врска со Курск и за неговата работа во Министерството за транспорт.
Досега работел на неколку различни работни места. Бил директор на Регионалната инвестициска агенција, бил извршен директор на градежната компанија „Стројинвест“, бил портпарол на Одделот за односи со инвеститорите на Комитетот за инвестиции и стратешки проекти на Санкт Петербург.
Свет
Тинејџерка силувана во јавен тоалет на плажа во Англија, уапсен 31-годишен маж

Рано наутро во неделата, полицијата во Дорсет добила пријава за силување на една од најпознатите плажи во Англија, плажата Борнмут, објавува „The Sun“.
Според официјалните полициски информации, околу 2 часот наутро, било пријавено дека девојката, за која се вели дека е во доцните тинејџерски години, била сексуално нападната во јавен тоалет покрај плажата.
Полицијата веднаш реагирала и уапсила 31-годишен маж под сомнение за силување. Во тек е кривична истрага, а форензичките експерти го обработуваат местото на настанот, кое беше ограничено со полициска лента.
На жртвата ѝ е обезбедена поддршка од специјализирани полицајци кои се специјално обучени за работа со жртви на сексуално насилство од почетокот на истрагата.
„Полициските службеници интензивно патролираат низ областа и ги охрабруваме сите што имаат какви било информации или загрижености да не контактираат“, соопшти полицијата во Дорсет.
Истрагата продолжува, а полицијата нагласува дека нивен приоритет е безбедноста на заедницата и собирањето на сите релевантни докази што би можеле да помогнат во овој случај.