Македонија
Над 2 млн. € злоупотреба при продажба на имот на „Треска“

Поранешните први луѓе на АД „Треска-Мебел“, една од 25-те фирми загубари, полицијата ги сомничи за злоупотреба на 2,1 милиони евра
Поранешните први луѓе на АД „Треска-Мебел“, една од 25-те фирми загубари, полицијата ги сомничи за злоупотреба на 2,1 милиони евра, поради продажба на деловни простории во поранешните југословенски републики.
Полицијата поднела кривични пријави против П.С.(64), Претседател на Управниот одборот, Ф.Д.(49), Генерален директор и член на Одборот на директори и С.П.(61), извршен директор и член на Управниот одбор – сите поранешни, кои го сомничи за прекршување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.
Тројцата од 2000 до 2003 година склучиле договори за купопродажба на вкупно 20 деловни простории: три во Подгорица, по два во Сараево, Бар, Нови Сад и Ужице и по еден во Приштина, Младеновац, Параќин, Краљево, Крушевац, Алексинац, Смедерево и Зајечар.
Со ова, тие според МВР ја оштетиле Агенцијата за приватизација на Република Македонија за 129 милиони евра (околу 2,1 милиони евра).
„Локалите не биле внесени во проценката на вредноста на имотот на друштвото, односно не биле опфатени во постапката за трансформација на друштвото“, соопшти МВР и додава дека дуќаните требало да бидат преземени од владината Комисија за приватизација и да бидат пренесени на Агенцијата за приватизација.
Парите од продажбата се уплаќале „врз основа на склучени договори за цесии, дел на каса-прими, односно во готово, а дел во девизно плаќање, но не на сметката на АД „ТРЕСКА-МЕБЕЛ” туку на сметката на „ТРЕСКА ИНЖИНЕРИНГ”, друштво формирано од АД „ТРЕСКА-МЕБЕЛ”, од причина што сметката на АД „ТРЕСКА-МЕБЕЛ” подолго време била блокирана“, наведува МВР./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.