Македонија
Гласаат болните, изнемоштените, затворениците и внатрешно раселените лица
Околу 11.000 немоќни и болните лица кои не се во можност да гласаат на избирачките места во недела, ќе гласаат денеска ден пред изборите во своите домови или каде што престојуваат.
Околу 11.000 немоќни и болните лица кои не се во можност да гласаат на избирачките места во недела, ќе гласаат денеска ден пред изборите во своите домови или каде што престојуваат.Покрај болните и изнемоштените, ќе можат да гласаат и 2.222 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, 407 внатрешно раселени лица, како и 7.258 македонски државјани во дијаспората.Првпат, тројца од идните 123 пратеници во Собранието ќе се бираат од дијаспората. Во трите изборни единици во странство – Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, се поднесени вкупно 19 кандидатски листи, за кои ќе можат да се изјаснат 7.258 македонски државјани, кои се пријавиле за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва.Право на глас имаат 1.821.122 гласачи кои на 2.976 гласачки места ќе можат да се изјаснат за 18 листи со 1.679 кандидати за 120 пратенички места во македонскиот Парламент.Во изминатите 20 дена партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите пред граѓаните ги претставуваa своите програми и кандидати и ја побараа довербата од нив./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

